Странски печат 19.11.2020

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање

1530515
Странски печат 19.11.2020

 

Германски „Дојче веле“ истакнува дека според резултатите од едно истражување, 16,5 отсто од Германците се ксенофобични.

Германски „Зеит онлајн (Zeit Online)“ истакнува дека вакцината развиена од компанијата BioNTech чека одобрување од САД.

Германски „Тагешау.де“ (Tagesschau.de) истакнува дека во Берлин беа одржани протести против мерките за коронавирус.

Арапскиот весник „Њуссабах (Newsabah) истакнува дека сенаторот Мич Меконел го предупреди (американскиот претседател Доналд) Трамп за брзото повлекување од Авганистан и Ирак.

Весникот „Елраја“ истакнува дека во североисточен Ирак беше уништено едно складиште за оружје и експлозиви.

Весникот „Елдустур“ истакнува дека Арапската коалиција соопшти дека уништиле едно беспилотно летало лансирано од Хутите врз Саудиска Арабија.

Францускиот весник „Ле Фигаро“ истакнува дека Француската (фармацевтска компанија) Делфарм ќе ја произведува вакцината против коронавирусот на Pfizer и BioNTech.

Францускиот весник „Ле Паризиен“ истакнува дека Владата на Франција во рамките на борбата против невработеноста и карантинот одвои 33 милијарди евра за делумна невработеност (Забелешка: делумната невработеност е програма за државна помош на деловните субјекти погодени од короната и нивните вработени)

Шпанскиот весник „Ел Паис“ истакнува дека мигрантската криза на Канарските острови предизвикува политички превирања.

Шпански „Ел Мундо“истакнува дека шпанското Министерство за здравство не дозволува продажба на антигени тестови за новиот вид коронавирус во аптеките, којшто беше побаран од регионите Мадрид, Каталонија и Мурсија, освен ако не се извршуваат од страна на „обучен медицински персонал“.

Венецуелскиот ТВ-канал „ТелеСур“ истакнува дека поранешниот мексикански министер за одбрана Салвадор Циенфуегос беше ослободен од сите обвиненија за трговија со дрога и перење пари, покренати против него од страна на САД и од Њујорк дојде во Мексико.

Рускиот новински портал „Газета.ру“ истакнува дека  Конгресот на САД усвои предлог-закон што содржи нови санкции против Русија поради труењето на рускиот дисидент Навалниј.

Рускиот новински веб-портал „Лента.ру“ истакнува дека „како одговор на цензурата на руските медиуми во странство, Русија ќе го разгледа нацрт-законот со кој се предвидува блокирање на странски интернет платформи во земјата.

Руската новинска агенција „ТАСС“ истакнува дека „Францускиот Сенат ќе расправа за нацрт-законот за прифаќање на независноста на Нагорно Карабах“.



Слични вести