Странски печат 11.11.2020
Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

Оманскиот весник „Ватан“: Генералниот секретар на Извршниот комитет на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) Саеб Еракат го загуби животот од новиот тип коронавирус (Ковид-19)... Палестина прогласи тридневна жалост.
Либанскиот весник „Ал Мустакбал“ кој се објавува во Велика Британија: Европската унија (ЕУ) одби да учествува на Конфреенцијата за бегалците од Сирија.
Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Почина генералниот секретар на Извршниот комитет на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) Саеб Еракат.
Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Комисијата на Европската унија (Ковид-19): Подготвен договорот за вакцина со Бионтек“.
Германскиот информативен портал „t-online.de“: (Новиот прекин на огнот помеѓу Азербејџан и Ерменија) Рускиот претседател Владимир Путин испраќа мировни сили во Нагорно Карабах.
Германскиот весник „Ханделсблат“: Парламентот на Европската унија и владите се договорија за буџетот на Европската унија (ЕУ).
Францускиот весник „Ле Монд“: (Ковид-19) Француското Национално Собрание го одобри буџетот којшто предвидува дополнителни финансиски извори од 20 милијарди евра.
Францускиот весник „Ле Фигаро“: Француското Јавно обвинителство побара затворска казна со одложување од 10 месеци за поранешниот француски амбасадор на Ватикан поради извршено кривично дело „сексуално вознемирување“.
Белгискиот весник „Ле Суар“:До 2021 година можат да се развијат голем број вакцини против Ковид-19.
Шпанскиот весник „Ел Паис“: Бројот на починатите од Ковид-19 се враќа на нивото од пред ограничувањата.
Аргентинскиот весник „Инфобае“:Чиле почнувајќи од декември повторно ќе ги отвори своите врати за туризмот.
Парагвајскиот весник „Ултима Хора“:Фондот за помош на деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ), предупреди по прашањето дека не би можеле да се вратат на училиште милиони деца кои се најранлива состојба.
Руската новинска агенција „РБК“: Руската мировна мисија тргна на пат за Нагорно Карабах.
Руската новинска агенција „РИА Новости“: Тајната служба на Република Чешка рече дека постои веројатност од Трета светска војна.