Странски печат 09.11.2020

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1524445
Странски печат 09.11.2020

Арапскиот весникАл КудсАл Араби“ кој се објавува во Велика Британија:  Во Соединетите Американски Држави (САД и во другите земји се одржуваат протести за радост  поради падот на (Доналд) Трамп,,, И (новиот претседател на САД Џо) Бајден вети повторно санирање на раните на земјата.

Арапскиот весникАл КудсАл Араби“ кој се објавува во Велика Британија:  Обид од сириските режимски сили за упад во некои маала во градот Дера. Во градот Хасеке пак, загинаа четворица американски војници.

Јорданскиот весник „Ал Дустур“: Израелската армија од почетокот на 2020 година уби 7 мина палестински деца.

Германскиот информативен портал „n-tv.de“: Војната во Нагорно Карабах – Азербејџан го соопшти освојувањето на стратешкиот град Шуша.

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека против коронавирусот првенствено треба да бидат вакцинирани медицинските сестри и лекарите.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Шпанија своите сојузништва посакува да ги зајакне вон Фанција и Германија.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“:Прво предупредување од Брисел до шпанскиот премиер Педро Санчез: Шпанија од коронавирусот ќе излезе со за два пати поголем буџетски дефицит на Еврозоната.

Аргентинскиот весник Инфобае“:Управата на Николас Мадуро во Венецуела истакна дека се надева дека ќе располага со „многу подобри односи“ со новиот претседател на Соединетите Американски Држави (САД).

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“:  Рускиот претседател Владимир Путин разреши од должност четворица министри (министрите за енергија, природни ресурси, градежништво и транспорт). Министерот за енергија Александар Новак ќе стане заменик премиер.

Рускиот весник Известија“:  Во реализиран напад од страна на еден војник во градот Воронеж во Русија загинаа 3 лица.

Рускиот весник „Комерсант“: Процентот на намалување на населението во Русија во периодот јануари-јули 2020 година во споредба со истиот период минатата (2019) година се зголеми за 30 отсто.

Францускиот весникЛе Монд“: Претседателските избори во САД: Без да чека Доналд Трамп да го признае поразот, новиот претседател Џо Бајден го започна процесот на транзиција.

Францускиот телевизиско каналФранс 24“: Во сојузната држава Атланта во САД, поддржувачите на Трамп и Бајден се подготвени да пукаат за да се одбранат себе си.

Белгискиот весникЛе Суар“:Коронавирусот: Во Белгија од коронавирусот (Ковид19) се инфектирани повеќе од половина милион луѓе.



Слични вести