Странски печат 05.11.2020

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1522144
Странски печат 05.11.2020

Арапскиот весникАл Кудус:  Воздржан оптимизам по прашањето на иднината на цените на нафтата по изборите во Соединетите Американски Држави (САД).

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Катарскиот финансиски центар соопшти дека продолжуваат да се опоравуваат фирмите на приватниот сектор.

Јорданскиот весник „Ал Дустур“: Откако Министерството за надворешни работи на Јордан соопшти дека се заразени од коронавирусот голем број вработени, зградата на Министерството е затворена за реализирање на работите за дезинфекција.

Францускиот весникЛе Монд“: Францускиот претседател Емануел Макрон кој мисли дека се поставува на мета од страна на весникот „Фајненшл тајмс“ одговори со зборовите „Франција не војува со исламот“.

Францускиот весникЛе Фигаро“: Францускиот претседател Емануел Макрон во понеделник ќе престојува во посета на главниот град на Австрија, Виена.

Белгискиот весникЛе Суар“:Фирмите во Белгија за заштита на своите вработени обезбедуваат комплети за брзо тестирање на Ковид-19.

Германскиот информативен портал „Bild.de“: Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас повторно се стави во карантин (самоизолација).

Германскиот информативен портал „t-Online“: Историска победа од Медипол Башакшехир против англиски Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите на УЕФА.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Коронавирусот - Хотелиерството во Шпанија е на прагот на голем колапс и има потреба од помош во износ од 8,5 милијарди евра.

Шпанскиот весник „Ел Паис“:Интензивното учество на латинското и мексиканското население во Аризона на изборите во Соединетите Американски Држави (САД) стана причина за коренита промена на управата.

Венецуелскиот весник Ел Национал“:Европската унија (ЕУ) ќе и додели помош на Венецуела во износ од 36 милиони долари наменета за борбата против Ковид-19.

Рускиот весник Известија“:  Далечинското образование за учениците од 6 до 11 одделение во Москва е продолжено до 22 ноември.

Рускиата новинска агенција „РИА Новости“:  Граѓаните и приватниот сектор во Русија заштедија готовина во рекорден износ „под перница“: Повеќе од 12 трилиони рубљи.

Руската новинска агенција „Регнум“: Претседателот на Белорусија Александер Лукашенко во остварениот релефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин истакна дека неговата земја сака да купи нафтено лежиште на териториите на Русија. Путин го дочека позитивно овој предлог.

 



Слични вести