Странски печат 03.11.2020
Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

Германскиот информативен портал „Welt.de“: Германската канцеларка Ангела Меркел привлекувајќи внимание на тоа дека во последните 14 дена дојде до трикратно зголемување на бројот на случаите на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19), го рече следното: „Моменталната состојба е загрижувачка.“
Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп вложува интензивни напори за да го долови својот противник Џо Бајден од кого според анкетите заостанува.
Германскиот весник „Ханделсблат“: Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) истакна дека доколку бидат рано прекинати обезбедените економски субвенции и помош во периодот на коронавирусот, ќе бидат доведени во ризик економските опоравувања.
Оманскиот весник „Ватан“: Ширењето на коронавирусот (Ковид-19) во кампот на сириските бегалци е наговесник на хуманитарната катастрофа.
Либанскиот весник „Ал Мустакбал“: Во Австрија е извршен вооружен напад на една синагога.
Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Јордан, со зголемување на бројот на инфектираните од коронавирусот (Ковид-19) применува целосна изолација.
Шпанскиот весник „Ел Паис“: Од рушевините е спасено 3 годишно девојче, по изминати 65 часа од земјотресот во Турција: „Елиф живее!“
Шпанскиот весник „Ла Вангардија“: По изминати приближно 8 месеци без комерцијален сообраќај, Венецуела издава дозвола за летање за 4 земји. Венецуела даде дозвола за обострани меѓународни летови со Мексико, Иран, Доминиканската Република и Турција.
Аргентинскиот весник „Инфобае“: Додека ураганот Ета се доближува кон Карибските брегови на Никарагва и Хондурас, заканувајќи и се на Централна Америка со разурнувачки доќдови, се зголеми на четврта категорија.
Францускиот весник „Ле Паризиен“: Напад во Виена: (Францускиот претседател) Емануел Макрон рече: „Нема да се предадеме.“
Францускиот весник „Ле Монд“: (Во Франција) Почнувајќи од среда ќе се воведат ограничувања во големите маркети. (Белешка: Во рамките на корона мерките, на рафтовите на маркетите ќе има само производи за основна потреба.)
Францускиот весник „Ле Фигаро“: Ал Каида му се закани на (францускиот претседател Емануел) Макрон и упати повик за убивање на оној кој ќе изнесува навреди кон Пејгамберот (Хазрети Мухамед).
Руската новинска агенција „РИА Новости“: Руската служба за надворешно разузнавање соопшти дека Соединетите Американски Држави (САД) се обидуваат да интервенираат на соработката помеѓу Русија и Кина.
Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков истакна дека падот од 30 отсто на вредноста на рубљата пред доларот во последните месеци, првенствено е поврзано со надворешните негативни услови и ситуацијата на светските берзи.
Рускиот весник „Комерсант“: Шефот на Надворешната разузнавачка служба (СВР) на Русија Сергеј Наришкин рече дека кај Вашингтон не ја согледува желбата за развивање на односите со Москва по изборите. Според Наришкин, тоа важи ѝ за Демократската партија, ѝ за Републиканската партија.