Странски печат 23.10.2020

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1514485
Странски печат 23.10.2020

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Велика Британија: Окупаторот Израел започна воздушни напади врз Појасот Газа.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Азиската фудбалска конфедерација ги определи стадионите за натпреварите за Источниот регион во AFC Лигата на шампионите во Доха.

Јорданскиот весник „Ал Дустур“: Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Ал Сафади рече: „Јордан ги поддржува напорите на специјалниот претставник на Сирија во Обединетите нации (ОН).“

Германскиот информативен портал„zeit.online“: Нагорно Карабах - Турција му вети воена помош на Азербејџан. .

Германскиот информативен портал„focus.de“: Проект за предност „Турската Тесла“ напредува - Батериите ќе одат од Битерфелд во Германија.

Германската новинска агенција ДПА“: Данска, ја затвори границата за германските туристи.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Шпанското Министерство за здравство го одложи прогласувањето на забрана за излегување на улица на територијата на целата земја.

Шпанскиот весник „Ла Вангардија“: Доколку не се земе под контрола вториот бран на коронавирусот, речиси половината од Шпанците се на страната на повторно ставање во примена на целосен карантин.

Мексиканскиот весник „Ел Универзал“: Од 10 интубирани заболени од Институтот за здравствено осигурување на Мексико 8 мина го губат животот.

Францускиот весник „Ле Монд“: За спречување на исполнувањето на капацитетите на болниците, забраната за улица се приширува низ цела Франција.

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Доналд Трамп и Џо Бајден кои пред изборите се сретнаа за последен пат на тв дуел, и покрај нападите успеаја да ја зачуват љубезноста.

Швајцарскиот весник „Ле Темпс“: Ремдесивир стана единствен лек којшто е дозволен од страна на Соединетите Американски Држави (САД) да се употребува во лекувањето на Ковид-19.

Рускиот информативен портал „РБК“: Портпаролот на претседателскиот дворец на Русија Кремљ Дмитриј Песков рече дека Русија нема да го толерира непочитувањето на Западот.

Рускиот информативен портал „Ведомости“: Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини својот противник на изборите Џо Бајден за земање пари од Русија.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека по негова лична инструкција можел да замине за Германија на лекување, а чие заминување во странство поради судските процеси било ограничено.



Слични вести