Странски печат 21.10.2020

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1513100
Странски печат 21.10.2020

Германскиот информативен сервисДојче Веле“:  Иницијаторската група за автомобил на Турција (ТОГГ или TOGG)  и „Фарасис“ едниот од водечките производители на батерија во светот соопштија дека постигнаа договор по прашањето на намирање на батерии Литум-јон (Ли-лон).

Германскиот информативен портал „Tagesschau.de“: Комисијата на Европската унија започна правен процес во врска со примената на Кипарско-грчката управа и Малта „државјанство за возврат на инвестирање“ познати како „Златен пасош“. Комисијата е на ставот дека оваа примена е во спротивност со законите на Европската унија (ЕУ).

Германскиот информативен портал „Welt.de“: Во период кога се забележува брз раст во бројот на случаите на коронавирусот во Германија, германската армија започна задача во градот Дортмунд за работите за откривање на случаите на зараза.

Францускиот весникЛе Монд“: Во Франција кај поголемиот дел од фармацевтите се потрошени залихите на вакцините за грип.

Францускиот весникЛе Фигаро“: Во Канада е ослободен од обвинение полицаецот против кого беше покрената истрага во врска со смртта на еден Афроамериканец за време на неговото апсење.

Оманскиот весникВатан:  Сирија наскоро ќе се стекне со две вакцини против Ковид-19 развиени од страна на Русија.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Израел ги укинаа визите взаемно.

Либанскиот весник „Ал Мустакбал“: Ситуацијата во Карабах е лоша и Обединетите нации (ОН) побараа да се почитува прекинот на огнот.

Шпанскиот весник „Ел Паис“:  Во период кога бројот на случаите на коронавирусот во Шпанија се доближува до 1 милион, министерот за здравство за спречување на заразата посака од народот да ги намали раздвиженоста и контактот.

Аргентинскиот весник „Инфобае“:По победата на МАС (Социјалистичкото движење, Movimiento al Socialismo) на одржаните избори во  Боливија, во градот Санта Круз се одржуваат протести на кои усчествуваат приближно 5 илјади лица. Учесниците на протестите тврдат дека на изборите имало измама.

Венецуелскиот телевизиски канал Телесур“:Шпанскиот претставник Барселона која ги започна добро натпреварите во сезоната 2020-2021 во Лигата на шампионите, унгарската екипа Ференцварош ја победи со убедлив резултат од 5:1.  

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Соединетите Американски Држави (САД) ги проширија санкциите против проектот „Северен тек-2“.

Рускиот весник Известија“:  Садир Џапаров кој ја презеде за привремено должноста претседател на Киргистан, на одржаната средба со амбасадорот на Русија рече дека рускиот јазик ќе остане како официјален јазик во Киргистан. .

Рускиот весник „Комерсант“:  Американскиот секретаријат за одбрана (Пентагон)  работи на можноста за пренесување на некои свои сили од Германија во некоја друга европска земја поблизу до Русија.



Слични вести