Странски печат 19.10.2020

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1511703
Странски печат 19.10.2020

Германскиот информативен портал „Spiegel.de“: Новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Европа тек почнува. Регистриран рекорден раст во бројот на случаите во Холандија, Чешка и Швајцарија.

Германскиот информативен сервисДојче Веле“:  Како американскиот претседател Доналд Трамп ја промени светската политика?

Германскиот информативен портал „Ard.de“: Европската унија (ЕУ) сака да утврди заедничка земјоделска политика.

Катарскиот информативен сервис „Ал Џезира“: Карабах... Обединетите нации (ОН) го осудија бомбардирањето на цивилите во градот Генџе (Ганџа или Гања) во Азербејџан; Претседателот на Турција Реџеп Тајјип Ердоган ја обвини Групата од Минск составена од Русија, САД и Франција дека се на страната на Ерменија.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“: Израел соопшти дека ќе бидат воспоставени целосни дипломатски врски со Бахреин.

Јорданскиот весник „Ал Дустур“: Светската банка одобри финансиски пакет во висина од 12 милијарди долари за вакцините за заштита од новиот тип коронавоирус (Ковид-19).

Шпанскиот весник „Ел Паис“: На дневниот ред на шпанската Влада не се наоѓа продолжувањето на „алармантната состојба“ во главниот град Мадрид (против Ковид-19); меѓутоа не постои ниту одреден алтернативен план.

Боливискиот весник „Ел Диарио“:Во Боливија 7,3 милиони гласачи ќе ја определат судбината на демократијата; Се одржуваат општи избори.

Чилеанскиот весникЛа Терцера“:Протести и немири во Чиле (на одбележувањето на годишнината од антивладините протести коишто започнаа минатиот месец и траеја во текот на 5 месеци). „Запалени се две цркви; ограбени се работните места“. 

Францускиот весникЛе Фигаро“: (Францускиот претседател Емануел) Макрон, соопшти дека ќе биде зголемена безбедноста во училиштата (по состанокот на Советот за безбедност што се одржа по убиството на еден наставник во терористички напад).

Францускиот весникЛе Паризиен “: Изборите во САД: Ограничена поддршка од Жан Мари Ле Пен (претседателката на екстремно-десничарската Партија за национално единство) на претседателот на САД Доналд Трамп.

Белгискиот весникЛе Суар:  Ковид-19: Еден од секои двајца Белгичани ги добива доцна резултатите од тестирањето.

Руската новинска агенција „ТАСС“:Азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека од страна на Ерменија синоќа и од понеделник наутро се бомбардирани некои области во околината на Нагорно Карабах.

Рускиот весник Комерсант“: Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев соопшти дека во Карабах е воспоставена контролата во 13 села.

Руската новинска агенција „РИА Новости“:Во Русија почна да се дизајнира ракета којашто ќе може да се користи неколкупати.



Слични вести