Странски печат 16.10.2020

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1510297
Странски печат 16.10.2020

Германскиот информативен сервисДојче Веле“:  Растот со голема брзина на случаите на коронавирусот во Германија ги загрижува болниците. Здружението на германските болници (ДКГ) предупреди дека пандемијата би можела да излезе од контрола.

Германскиот информативен портал „Tagesschau.de“: 8 часовен корона-самит во Владата во Германија: Не можеше да се постигне компромис во мерките за наесен.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Шпанското министерство за надворешни работи соопшти дека се стои на нови планови за затворање на баровите и рестораните во областите кадешот се регистрираат најголем број случаи на зараза од коронавирусот.

Шпанскиот весник „Ла Разон“:Европската унија (ЕУ), поради пандемијата на Ковид-19 на картата за пандемијата Шпанија ја одбележа со цревана боја.

Венецуелскиот телевизиски каналТелесур“:Венецуелскиот претседател Николас Мадуро истакна дека јужно-американската нација со секој поминат ден дава одговор „со сѐ поголема растечка сила“ против нападите и заканите на Соединетите Американски држави (САД). 

Францускиот весникЛе Паризиен“: Ковид-19 во Франција: Постои мошне загрижувачки пораст во бројот на случаите кај старите лица.

Францускиот весникЛе Фигаро“: Либија: Париз, сака соседните земји на Либија да бидат повеќе вклучени дипломатски по прашањето на изнаоѓање политичко решение за либиската криза.

Францускиот весникЛе Монд“:  Забрана за излегување на улица во Франција: Министерката за култура Розелин Бачело застанува во одбрана на тоа дека треба да се признае флексибилност за протестите во врска со уметноста.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“: Азербејџан: Со турските беспилотни летала уништивме ерменска воена опрема од 1 милијарда долари.

Катарскиот информативен сервис „Ал Џезира“: Коронавирусот: Во Франција започна забраната за излегување на улица, во Велика Британија е покачено нивото на алармантнбата состојба, додека претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон Дер Лејен се самоизолира.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Либија: Откриените масовни гробници во Тархуна, додадоа нови убиства на извршените убиства од страна на Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на земјата.

Руската новинска агенција „РИА Новости“:Московјани повеќе не ќе можат да се качуваат во возилата за градски превоз без маска и ракавици.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Се предвидува дека растот во бројот на новите случаи на зараза од Ковид-19 во Русија ќе продолжи до 10 ноември.

Рускиот весник „Известија“:Руската Влада, прогнозите за намалување на бројот на населението во земјата ги ревидира во негативна насока. Според руската Влада, бројот на населението до 2024 година би можел да се намали за околу 1,2 милиони лица.



Слични вести