Странски печат 15.10.2020

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1509526
Странски печат 15.10.2020

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Францускиот претседател Емануел Макрон, во рамките на борбата против Ковид-19 прогласи забрана за излегување на улица (за движење) во главниот град Париз и во 8 големи градови на земјата.

Францусиот телевизиски каналФранс 24“: Емануел Макрон рече дека во случај да не се почитува забраната за излегување на улица (движење) ќе се изрече парична казна од 135 евра.

Францускиот весникЛе Монд“:  Лигата на нациите на УЕФА: Франција извојува победа во Хрватска (1:2).

Германскиот информативен сервисДојче Веле“:  Прво потврдување од Ерменија во врска со изгубените територии.

Германскиот информативен портал „Tagesschau.de“: Дневниот број на случаите на коронавирусот во Германија надмина 6 илјади.

Германскиот информативен портал „Sueddeutsche.de“: Коронавирусот ја погоди – Германската економија на нивото од пред кризата ќе дојде најрано на крајот на 2022 година.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Сите барови и ресторани во областа Каталонија се затвораат за 15 дена. Освен тоа, за сведување на минимум на социјалниот контакт ќе биде ограничен и капацитетот на муштерии во купопродажните и трговските центри.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“:Португалија (поради коронавирусот) прогласи состојба на катастрофа и собирањата ги ограничи со 5 лица.

Чилеанскиот весникЕл Мострадор“:Перу за само еден јапонски турист го отвори Мачу Пикчу (древниот град на Инките). Јапонскиот турист кој 7 месеци како остана во градот Куско, чекаше да биде потворно отворен Мачу Пикчу кој поради пандемијата беше затворен за посета. 

Катарскиот информативен сервис „Ал Џезира“: Како дел од договорот за размена во Јемен... Хусите пуштија на слобода двајца американски заложници.

Јорданскиот весник „Ал Дустур“: Москва го одби барањето на Вашингтон за продолжување на Договорот за нуклеарното оружје.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“: Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја повика Саудиска Арабија да се диксутира по прашањето на нормализацијата на односите со Израел.

Рускиот весник „Известија“:Рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека во Русија е регистрирана втората вакцина на Ковид-19.

Рускиот информативен сервис „RT“:Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во даденото интервју за францускиот телевизиски канал „Франс 24“ ги демантира тврдењата колу тоа оти Азербејџан користи платеници во судирите во Нагорно Карабах.

Рускиот весник Комерсант“: Русија повторно ги започна летовите за Србија, Јапонија и Куба.



Слични вести