Странски печат 09.10.2010

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање

1506283
Странски печат 09.10.2010

 

Германски „zdf.de“ истакнува дека во период кога Институтот Роберт Кох предупредува дека бројот на заразени за еден во Германија може да достигне до 10.000, германската канцеларка Ангела Меркел рече: „Треба да избегнеме второ затворање“.

Германски „welt.de“ истакнува дека германската влада за време на пандемијата, државните службеници за можат да работат од дома, купи над 40 илјади компјутери во вредност од 93,5 милиони евра.

Германски „Дојче веле“ ја објавува изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп кој рече дека до Божиќ од Авганистан ќе бидат повлечени сите преостанати американски војници.

Катарски „Ал-Раја“ ја објавува изјавата на претседателот Ердоган кој рече дека Катар Турција имаат и стратешките односи.

Саудискиот весник „Ал-Кудс ал-Араби“ истакнува дека Европскиот парламент повика на санкции врз Саудијците вклучени во убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи.

Катарскиот ТВ-медиум „Ал Џезира“ истакнува дека   генералниот секретар на Палестинската ослободителна организација, Саеб Ерекат бил заразен со коронавирус.

Шпански „Ел Мундо“  истакнува дека по повод Ковид-19 шпанската влада дене итно ќе се состане и ќе разговара за широките рестрикции и вонредната состојба за Мадрид.

Шпанскиот весник „Ел Паис“ истакнува дека лекарите и експертите од жителите на Мадрид побараа да се придржуваат кон строгите безбедносни мерки.

Венецуелскиот весник „Ел Национал“ истакнува дека на плажите на Карабобо беше доживеано излевање нафта, Венецуела. Во активностите за чистење на нафтата учествуваат волонтери.

Францускиот весник „Ле Монд“  истакнува дека во градовите Лил, Гренобл, Лион и Сент-Етјен беше прифатен предлогот да се прогласи „највисоко ниво на тревога“.

Белгискиот весник „Ле Соар“ истакнува дека градовите Брисел, Париз и Мадрид кои се сметаат за болни градови, со затворањето на кафетериите сакаат да го спречат ширењето на епидемијата.

Францускиот меѓународен ТВ-канал „Франс 24“ истакнува дека американскиот претседател Доналд Трамп кој се наоѓа во фаза на закрепнување, во сабота ќе одржи митинг.

Весникот „Известија“  истакнува дека рускиот претседател Владимир Путин повика на прекин на огнот во Нагорно Карабах.

Новинската агенција „РИА Новости“ истакнува дека директорот на Националниот центар за контраразузнавање и безбедност на Соединетите Американски Држави (САД), Вилијам Еванина го изнесе тврдењето дека Русија, Кина и Иран се обидуваат да ги саботираат напорите на САД за вакцинација против коронавирусот.

Руската новинска агенција „ТАСС“ истакнува дека Светскиот фонд за заштита на природата (WWF) ќе учествува во истражувањето за откривање на причините за еколошката катастрофа во Камчатка што предизвика загадување на Тихиот океан.



Слични вести