Странски печат 08.10.2020

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1505199
Странски печат 08.10.2020

Германскиот информативен портал „Bild.de“: Полицаецот кој беше причина за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во САД, пуштен на слобода со кауција од 1 милион долари.

Германскиот информативен сервисДојче Веле“:  Германија и Франција сакаат да се применува санкција против Русија. Откако е докажано дека рускиот опозиционер Алексеј Навалниј е отруен, Берлин и Париз сакаат да се примени санкција против Русија.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“: Советникот за национална безбедност на САД Роберт О’Брајан истакна дека Америка своите сили во Авганистан наредната година ќе ги намали на 2.500 војници.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Од Ердоган (претседателот на Турција Реџеп Тајјип) до Меркел (канцеларката на Германија Ангела): Одлуките на Европската унија (ЕУ) нема да ги решат проблемите.

Катарскиот информативен сервис „Ал Џезира“: Камела Харис (кандидатката за потпретседателка на САД на Демократите) рече: Како што препорача и Трамп (претседателот на САД- нема да се вакцинирам против коронавирусот.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Шпанија, заедно со започнувањето на сезоната на грипот би можела да ги ограничи „ PCR“ тестирањата коишто им се вршат на здравствените работници и на старите.

Мексиканскиот весник „Ла Хорнада“:Почина мексиканскиот хемичар добитник на Нобелова награда Марио Молина.

Аргентинскиот весникКларин“:Американскиот претседател Доналд Трамп  вети „одобрување и бесплатно раздавање“ на лекот против Ковид-19 којшто го користел за време на неговото лекување.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Јутуб соопшти дека и достави придонес на француската економија во вредност од половина милијарда евра.

Францусиот весникЛе Паризиен“: Бурата Алекс: За повторната изградба (на областа) Макрон (францускиот претседател Емануел) вети поддршка во висина од 1 милијарда евра.

Белгискиот весникЛе Суар“:Баровите, кафетериите, салоните за чај и местата за забава (во Брисел) ќе бидат затворени во текот на еден месец (за борба против коронавоирусот).

Рускиот информативен портал „РТ“:Велика Британија сака да се воведат санкиции против Русија поради труењето на рускиот опозиционер Алексеј Навалниј.

Руската новинска агенција РИА Новости“: Русија ја внесе во списокот на барани лица Светлана Тихановскаја, лидерката на белоруската опозиција.

Руската новинска агенцијаТАСС“:Продолжуваат експлозиите во складиштето за муниција на армијата во областа Рјазан во Русија.



Слични вести