Странски печат 06.10.2020

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1503608
Странски печат 06.10.2020

Оманскиот весник „Ватан“: Светската здравствена органицаија (СЗО): 10 отсто од светот е инфектиран со новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Економијата на приватниот сектор во Катар којшто нема одредена врска со енергијата, во месец септември оствари раст.

Либанскиот весник „Ал Мустакбал“: Реализиран ракетен напад врз Зелената зона, во ирачкиот главен град Багдад, кадешто се наоѓаат амбасадите и владините згради.

Германскиот информативен портал „Bild.de“: Американскиот претседател Доналд Трамп по лекувањето од Ковид-19 се врати во Белата куќа.

Германскиот информативен сервисДојче Веле“:  Во Германија е донесена одлука за задолжително носење маска и во Федералниот Парламент Бундестагот.

Шпанскиот весник „Ел Паис“:  Втор бран на Ковид-19: Повеќе од 5,2 милиони Шпанци повторно се соочуваат со ограничувања. Се дозволува да излегуваат од домовите само за да одат на работа, на училиште и при нужна потреба. 

Шпанскиот весник „Ла Вангардија“: Американскиот претседател Доналд Трамп излезе д болница и посака од Американците да не се плашат од вирусот.

Аргентинскиот весникИнфобае“: Тропските бури „Делта“ и „Гама“ им се закануваат на областите Јукатан и Куинтана Ро во Мексико.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Ковид-19: Париз премина на ниво на „максимален аларм“, стапија во примена ограничувачки мерки.

Францусиот телевизиски канал „Франс 24“: Ковид-19: Градот Марсеј ќе го формира сопствениот Научен совет.

Францускиот весникЛиберасјон“: „ExxonMobil“ до крајот на 2021 година ќе отпушти од работа во Европа 1.600 лица.

Руската новинска агенцијаТАСС“: Киргистанскиот претседател Сооронбај Џеенбеков му предложи на Централниот изборен совет да ги испита изборните резултати и доколку биде потребно да ги поништи изборите.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Демонстрантите во Киргистан го извадија од центарот за притвор поранешниот претседател Алмазбек Атамбаев.

Руската новинска агенција РИА Новости“: Постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензија истакна дека Западот стравува „од откривање на кривичните дела“ на поранешниот претседател на Организацијата за забрана на хемиското оружје.

 



Слични вести