Странски печат 05.10.2020

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање

1503000
Странски печат 05.10.2020

Катарскиот ТВ-канал Ал-Џезира истакнува: „Повик од Европа веднаш да се запре војната. Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев рече: „Услов за мирот е повлекување на Ерменија од Нагорно Карабах“.

Катарскиот весник „Ер-Раје Ал-Катарије истакнува дека авганистанскиот претседател Ешраф Гани денеска (понеделник) ќе замине во посета на Доха, главниот град на Катар. Гани утре ќе одржи средба со емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамед ал Сани.

Арапскиот весник „Ал-Кудс Ал-Араби“ кој се објавува во Британија истакнува дека претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп, кој беше заразен од новиот вид на коронавирусот (Ковид-19), откако ги поздрави своите поддржувачи од внатрешноста на неговиот автомобил, се врати во болницата.

Германски „Дојче веле“  истакнува дека Министерството за надворешни работи ги осуди ерменските напади насочени врз  цивили во азербејџанскиот град Генце.

Германски „Welt.de“ истакнува дека според резултатите од една анкета во САД, кандидатот за претседател Џо Бајден, откако неговиот ривал претседателот Доналд Трамп беше заразен од Ковид-19, го помина за 10 поени. Инаку Трамп се критикуваше дека епидемијата не ја сфаќа сериозно.

Германски „Finanzen.at“ истакнува дека постои можност за релаксација во спорот меѓу Турција и Грција околу (активности за истражување на природен гас) во Источниот Медитеран.

Француски „Ле Фигаро“ истакнува дека Французите многу повеќе од било кога се противат на пензиската реформа на (францускиот претседател Емануел) Макрон.

Француски „Франс 24“ истакнува дека како последица на Ковид-19, во Париз е прогласена „максимална тревога“, додека рестораните ќе може да бидат отворени под одредени услови.

Француски „Ле Паризиен“ истакнува дека на референдумот за независноста на Нова Каледонија од Франција, предлогот беше одбиен со 53,26 проценти гласови.

Шпански „Ел Мундо“ истакнува дека Шпанската канцеларија за национална безбедност, пред алармната состојба, во периодот меѓу јануари и март, најмалку 11 пати го предупреди премиерот Педро Санчез за заканата Ковид-19.

Аргентински „Инфобае“  истакнува дека фрлањето на едено дете во река од страна на полицијата, за време на еден протест во Чиле, беше причина за немири во земјата.

Шпански „Ел Паис“ истакнува дека аргентинската влада се бори да ја спречи драстичната девалвација на пезосот. Договорот со доверителите, кризата на доверба во националната валута не ја врати назад.

Руски „РБК“ истакнува дека над 70 проценти од Русите изјавиле дека не се подготвени да се вакцинираат против Ковид-19.

Руски „News.ru“ истакнува дека повеќе од 500.000 руски туристи во септември ја посетија Анталија.

Руски „ево-рус“ истакнува дека „Зајакнувањето на воената соработка помеѓу Белорусија и Русија предизвика загриженост во НАТО.



Слични вести