Странски печат 30.09.2020

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1500061
Странски печат 30.09.2020

Катарскиот телевизиски канал „Ал Џезира“: Хуманиот лидер емирот на Кувајт еш-Шејх Сабах ал-Ахмед... Бела рака којашто беше подавана во голем број области на светот.

Катарскиот весник „Ал Раја Ала Катарија“: На турско-катарската деловна средба којашто се одржа од страна на Катарската комора и Унијата на турските комори преку видео-конференција, за склучување на трговски и инвестициски договори, учествуваат 1.500 турски и катарски фирми.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Велика Британија: Петтиот владетел на Кувајт еш-Шејх Сабах ал-Ахмед ал-Џабир ес-Сабах замина во својот вечен дом.

Германскиот информативен портал „Bild.de“: Пред претседателските избори во Соединетите Американски Држави (САД) актуелниот претседател Доналд Тран како кандидат на Републиканската партија и кандидатот на Демократската партија Џо Бајден, беа на ТВ-дуел.

Германскиот информативен порталSpiegel.de“:  Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) побара прекин на огнот во Нагорно Карабах.

Германскиот информативен порталStern.de“: Германија ги заострува мерките против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Францускиот весник „Ле Паризиен“: Сиромаштија: Повеќе од еден од 10 мина Французи е проморен да одминува еден оброк.

Францусиот весникЛе Монд“: Нападот пред поранешното биро на Шарли Ебдо: На осомничениот ќе му се суди за кривично дело „обид за терористичко убиство“ .

Францускиот весник Ле Фигаро “:Минималната плата во Женева ќе биде покачена на 3.800 евра.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Шпанското министерство за здравство ги соопшти критериумите коишто ќе ја засегаат целата земја: Во главниот град Мадрид може да се прогласи забрана за излегување на улица (движење).

Шпанскиот весник „Ел Мундо“:Шпанското министерство за здравство презеде мерки по прашањето на вакцината против грипот, за одбрана на залихите нема да се дозволи да биде надмината дозата.

Венецуелскиот весникЕл Национал“:Режимот во Венецуела тврди дека растот на случаите на Ковид-19 може да се стави под контрола и дека брзината на раст е бавна.

Рускиот информативен портал „Gazeta.ru“:Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу истакна дека терористичката организација ДЕАШ е целосно поразена во Сирија.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru “:Ерменскиот премиер Никол Пашинјан рече дека доколку затреба руската база во земјата би можела да се користи против Азербејџан.

Руската новинска агенција РИА Новости“: Во Москва втората доза на вакцината против Ковид-19 е извршена на една група лица кои учествуваат во истражувањето.



Слични вести