Странски печат 29.09.2020

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за иформирање

1499233
Странски печат 29.09.2020

 

Катарскиот весник „Ер-Раје Ал-Катарије“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган и емирот на Катар, Шеикот Тамим Бин Хамед Ал-Сани остварија  телефонски разговор на кој разговараа за стратешките односи меѓу двете земји.

Катарскиот ТВ-канал „Ал-Џезира истакнува дека во рамките на напнатоста во Нагорно Карабаг, Азербејџан како одговор на ерменските напади, реализира голема и сеопфатна операција, додека Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) на седницата која беше зааворена за медиумите, разговараше за ескалацијата на тензиите.

Арапскиот весник „Ал-Кудс Ал-Араби“ кој се објавува на англиски јазик во Лондон истакнува дека Турција во врска со убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи подготвува обвинение проотив 6 лица од Саудиска Арабија.

Германската медиумска компанија „Дојче веле“ ја објавува изјавата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган кој рече  деке „Дојде време за решение н прашњето Нагорно Карабах.“

Германски „br24.de“ истакнува дека во германските безбедносни институции валдее сомневање за екстремните десничари.

Германски „Welt.de“ истакнува дека Се приближува вториот бран на Ковид-19. Колку е подготвена Германија?

Францускиот ТВ-канал „Франс 24“ истакнува дека во период кога се интензивираат судирите во Нагорно Карабах, Турција ја предупреди и ја повика Ерменија да ја оконча окупацијата.

Францускиот весник „Ле Монд“ истакнува дека револтот против мерките за Ковид-19 расте низ цела Европа.

Меѓународното француско радио РФИ истакнува дека Меѓународната организација „Амнести интернешнл“ ја критикуваше употребата на прекумерна сила за време на апсењето на демонстрантите во Франција.

Рускиот новински портал „Лента.ру“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган упати повик до Ерменија да ја оконча окупацијата на азербејџанските територии.

Руската новинска агенција „ИА Новости“ истакнува дека Русија нема да дозволи голема војна меѓу Ерменија и Азербејџан, бидејќи таквата војна директно влијае на нејзините национални интереси.

Рускиот весник „Комерсант“ истакнува дека поранешната кандидатка за претседател на Белорусија, Светлана Тихановскаја во главниот град на Литванија се состана со францускиот претседател Емануел Макрон. Главна тема на состанокот беа изборите во Белорусија.

Шпанскиот весник „Ел Паис“ истакнува дека Квим Тора, претседателот на Владата на автономниот регион Каталонија во Шпанија, беше разрешен поради непослушност кон државните институции.

Чилеанскиот весник „Ла Терсера“ истакнува чилеанската влада во рамките на стимулативните мерки за вработувањето на жените, вложува напори за забрзување на отворањето на дневни центри.

Мексиканскиот весник „Ел Универзал“  истакнува дека „Најдебелиот човек на светот, Мексиканецот Хуан Педро Франко, кој го боледуваше од Ковид-19, ја победи болеста.



Слични вести