Странски печат 28.09.2020

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1498536
Странски печат 28.09.2020

Германски Дојче Веле“: Кавказ: Областа Нагорно Карабах на Азербејџан станува сцена на жестоки судири помеѓу Азербејџан и Ерменија.

Германскиот информативен сервис„Piegel.de“:  По големиот пожар што избувна во мигрантскиот камп Мориа на грчкиот остров Лесбос (турски Мидилли) 50 малолетни мигранти во среда ќе заминат за Германија.

Германскиот информативен порталTagesschau.de“: Американскиот претседател Доналд Трамп за кандидат за Врховниот Суд ја предложи судијката Ејми Кони Барет, која ќе ја замени неодамна починатата Рут Бадер Гинзберг.

Рускиот весник „Известија“:Белорускиот претседател Александер Лукашенко одговори на повикот на францускиот претседател Емануел Макрон да поднесе оставка: Макрон е несозреан политичар.

Рускиот информативен портал „Ведомости“:Германскиот весник „Шпигел“ соопшти дека германската канцеларка Ангела Меркел тајно го посетила рускиот опозиционер Алексеј Навалниј, во клиниката „Шарите“.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Азербејџанското министерство за надворешни работи соопшти дека за последен пат се предупредена Ерменија која отвора оган врз градот Тертер.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Јорданскиот крал Абдулах Втори во рамките на подготовките за изборите во ноември, го распушти Парламентот.

Либанскиот весник „Ал Мустакбал“: Генерал мајор Јахја Рахим Сафеви, високиот воен советник на иранскиот верски лидер Ајатолахот Али Хамнеи, рече дека нивната задача во Ирак и во Сирија е со пари.

Оманскиот весник „Ватан“: Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека бројот на починатите од Ковид-19 ќе достигне до 2 милиони.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Превентивните мерки против Ковид-19 во главниот град на Шпанија Мадрид требаше да бидат преземени порано.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“:Шпанија достигна до рекорд во надворешниот долг од 2,2 трилиони евра.

Венецуелската телевизијаТелесур“:Венецуелскиот претседател Николас Мадуро истакна дека и покрај незаконската економска, финансиска и трговска блокада којашто се спроведува од страна на Соединетите Американски Држави (САД), венецуелската Влада ги гарантира најдобрите лекови против Ковид-19.

Францускиот весник „ Ле Фигаро“: Мнозинството од Французите сака поранешниот премиер Едуард Филипе да се врати во политичкиот живот.

Француската телевизијаФранс 24“: Во главниот град Париз сопствениците на барови протестираат против одлуката за затворање на рестораните и баровите во 22:00 часот по локално време, а којашто е донесена во рамките на превентивните мерки против Ковид-19.

Францускиот весник „Ле Паризиен“: Американскиот претседател Доналд Трамп во 2016 година кога беше избран за претседател платил федерален данок во износ од само 750 долари.



Слични вести