Странски печат 24.09.2020

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1496444
Странски печат 24.09.2020

Германскиот информативен порталTagesschau.de“: Германскиот министер за надворшени работи Хеико Мас по позитивниот тест на новиот тип коронавирус (Ковид-19) кај еден негов личен телохранител ја откажа посетата на Јордан. Германскиот министер е ставен во карантин.

Германскиот информативен сервис„Reuters.com“:  Германската Влада задоволна од дијалогот помеѓу Атина и Анкара – Се оддалечи можноста за санкција од Европската унија (ЕУ) против Турција.

Германски Дојче Веле“: Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг соопшти дека е „постигнат добар напредок“ во воените разговори помеѓу Турција и Грција, помеѓу кои е присутна затегнатост поради кризата во Источниот Медитеран.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Мадрид бара армијата „под итно“ да биде вклучена во борбата против коронавирусот по прашањето на логистиката.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“:Венецуелскиот претседател Николас Мадуро формира таен тим за одбрана на претседателскиот дворец Мирафлорес.

Аргентинскиот весникИнфобае“:Соединетите Американски Држави (САД) ставија во примена нови санкции врз Куба коишто ќе влијаат на туризмот и извозот на оваа земја.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Велика Британија: Алжирскиот претседател Абдулмецид Тебун рече дека правото за формирање на држава Палестина со главен град Ерусалим (Кудс) не претставува прашање за пазарење.

Катарската телевизија „Ал Џезира“: Меѓународниот центра за следење на мигрантите соопшти дека во Сирија со најголем раст во светски рамки има повеќе од 15 милиони раселени лица.

Јорданскиот весник „Ал Дустур“: Саудиска Арабија почнувајќи од наредниот месец ќе дозволи да се доаѓа на умра.

Францускиот весник „ Ле Монд“: Ковид-19: Францускиот министер за здравство Оливие Веран соопшти дека почнувајќи од сабота во градот Марсеј и на островот Гваделуп ќе бидат затворени сите барови и ресторани.

ФранцускиотвесникЛе Фигаро“: Париз ќе прими вкупно 500 мигрантски деца од кампот Мориа во Грција.

Белгискиот весник „Ле Суар“: Во Белгија дневно се регистрираат просечно по 1.425 нови случаи на коронавирусот.

Рускиот весник „Известија“: Во Минск се притворени десетици демонстранти кои се спротивставија на тајната церемонија на полагање заклетва на белорускиот претседател Александер Лукашенко.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Русија направи измени во правоилата за Русите кои доаѓаат од странство. На враќање во земјата во рок од 3 дена ќе направат тестирање за Ковид-19 и додека да бидат добиени резултатите ќе останат во своите домови во карантин.

Рускиот информативен портал „Neftegaz.ru“: Турција води пазарење со Русија за намалување на цените на гасот.



Слични вести