Странски печат 23.09.2020

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање

1495814
Странски печат 23.09.2020

 

Францускиот весник „Монде“ истакнува дека британскиот премиер Борис Џонсон во рамките на борбата против Ковид-19 објави низа ограничувања кои мое да траат 6 месеци.

Францускиот меѓународен телевизиски канал „Франс 24“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган во врска со Медиетарснкото прашање предложи да се одржи регионална конференција.

Весникот „Либерасјон“ истакнува дека бегалците кои заминаа за Европа за жал се наоѓаат во многу тешка и бесполезна состојба вклештени во лавиринт.

Катарскиот весник „Ал-Раја Ал-Катарија“ истакнува дека во седиштето на Хезболах во Либан се случи експлозија.

Либанскиот весник „Ал-Мустакбал“ ја објавува изјавата на египетскиот претсдетаел Абдел Фатах Ал-Сиси кој рече дека го поддржуваат правото на Палестинците за формирање независна држава.

Оманскиот весник „Ватан“ истакнува дека Палестина го напушти претседателството на Арапската Лига.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“ истакнува дека Владата на Шпанија даде итно одобрение за новиот закон за работење од далечина кој претходно во периодот на панедмијата не беше спроведен.

Аргентинскиот весник „Инфобае“ истакнува дека САД спроведе снакции врз пет венецуелски политичари поради поткопување на демократијата.

Аргентинскиот весник „Ле Национ“ истакнува дека бразилскиот претседател Жаир Болсонаро во говорот што го одржа на седницата на Генералното заседание на ОН рече дека слоганите на медиумите „Остани дома“ предизвикаа хаос во земјата.

Германската медиумска компанија „Дојче веле“ го објавува говорот на американскиот претседател Доналд Трамп на седницата на Генералното заседание на ОН кој за ширењето на коронавирусот ја обвини Кина.

Германскиот весник „Франфуртер Алгемајне Цајтунг“ истакнува дека во Германија се формира Центар за вселенски операции.

Германскиот весник „Зидојче цајтунг“ истакнува дека поради зголемениот број на случаи на заразени од Ковид-19 во Минхен се заоструваат мерките.



Слични вести