Странски печат 22.09.2020

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1495073
Странски печат 22.09.2020

Катарската телевизија „Ал Џезира“: Милијарди долари и некои барања... Ете ги условите на Судан за нормализација со Израел на разговорите во главниот град на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Абду Даби.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Во Катар шест лица испратени пред јавното обвинителство поради тоа што не ги почитуваа условите за „останување дома во карантин“ кои што се поставени за спречување на ширењето на Ковид-19.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Велика Британија: Кувајт, го поддржува формирањето на независна држава Палестина чиј главен град ќе биде Источен Ерусалим (Кудс).

Германскиот информативен порталSpiegel.de“: Британскиот премиер Борис Џонсон, поради порастот на случаите на Ковид-19 бара од Британците да работат од дома.

Германскиот информативен портал„Bild.de“:Веќе никој не ги разбира правилата за коронавурисот. Баерн Минхен кој дома играше на празен стадион (пред празни трибини), на Супер купот на УЕФА во Будимпешта ќе игра пред 20 илјади навивачи.

Германски Дојче Веле“: Експерт по коронавирус во Германија: „Маските долго време ќе бидат дел од нашиот живот.“

Францускиот весникЛе Фигаро“: Двајца полицајци на задача во Дирекцијата на полицијата во Стразбур, во Франција, поднесоа тужба поради тоа што биле подложени на расизам и биле доведени во опасност по животот.

Францускиотвесник „Ле Монд“: Според еден извештај на Собранието, Франција треба да вложува поголеми напори по прашањето на интеграцијата на мигрантите.

Белгискиот весник „Ле Суар“: Коронавирусот: На крај е добиена дозвола за авто-тестовите (тестовите коишто би можеле да ги правиме самите), меѓутоа апсолутно не се препорачуваат.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Експертот по заразни болести Алберто Гарсиа Бастеиро: „Во борбата против Ковид-19 ниту еден од нас не го направивме целосно она што ни се паѓаше за време на ограничувањата.“

Шпанскиот весник „Ел Мундо“:Шпанија загрижена поради започнувањето на вториот бран на Ковид-19.

Венецуелскиот весникЕл Национал“:Потпретседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Мајк Пенс се состана со опозицискиот лидер во Венецуела Хуан Гуаидо и ги повтори ветувањата на неговата земја.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Турско-руската патрола повторно ќе ги започне своите активности на Автопатот М-4 во подрачјето на Идлиб во Сирија.

Рускиот весник „Комерсант“: (Според веста на германскиот весник „Зудојче Цајтунг“) Германија не може да покрене истрага во врска со труењето на рускиот опозиционер Алексеј Навалниј, бидејќи случајот не се случил на територијата на Германија.

Руската новинска агенција РИА Новости“: Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во говорот пред Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) рече дека светот е изморен од поделеноста.



Слични вести