Странски печат 18.09.2020

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1493060
Странски печат 18.09.2020

Јорданскиот весник „Ал Дустур“: Претседателот на Претседателскиот совет на Владата на национално единство на Либија Фајез ал-Сараџ соопшти дека ќе поднесе оставка од должноста претседател на Владата на национално единство.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Вашингтон се обидува да го прогласи Катар за значаен сојузник надвор од НАТО.

Арапскиот весник „Њу Сабах“: Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Бахреин потпишаа два договори за нормализација на односите со Израел.

Германското радио„Дојчландфунк“: Недоразбирање за гасот во Средоземното Море - Турција е отворена за средба.

Германскиот информативен портал„rtl.de“: Формула 1 во Истанбул - Уште отсега продадени 40 илјади билети за „Гран прито“ на Турција.

Германскиот весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Парламентот на Европската унија (ЕУ) сака да се применува санкции врз претседателот на  Белорусија Александер Лукашенко.

Белгискиот весник „Ле Суар“: Во Белгија растат случаите на Ковид-19, уште отсега се целосно затворени 6 училишта.

Францускиот весникЛе Фигаро“: Според едно истражување, по оздравувањето од Ковид-19 се согледува претежно постојано чувство на измореност.

Францускиотвесник „Ле Монд“: Според шефот на железниците на Франција „SNCF“, враќањето на железничкиот сообраќај од пред кризата ќе одземе „приближно 2 години“.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Во Европа, во последната една недела се утврдени поголем број нови случаи на зараза од утврдениот број за време на првиот бран на епидемијата на Ковид-19.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Одобрено е обединувањето на банките „CaixaBank y Bankia“ и започнуваат работите за формирање на најголемата банка на Шпанија.

Венецуелскиот телевизиски каналТелесур“: Привремената претседателка на Боливија Женин Анез ја повлече својата кандидатура од изборите коишто ќе се одржат на 18 октомври.

Рускиот информативен портал „РБК“: Претседателот на Белорусија Александер Лукашенко соопшти дека се затворени границите со Литванија и Полска.

Рускиот весник „Аргументи и Факти“: Анталија во месец септември ја посетија 225 илјади руски туристи.

Рускиот весник „Известија“: Европскиот Парламент (ЕП) ја усвои одлуката за воведување нови санкции против Русија поради труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навалниј.



Слични вести