Странски печат 16.09.2020

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1491621
Странски печат 16.09.2020

Руската новинска агенција РИА Новости“: Руски воен авион од типот Су-27 пресретна еден извидувачки авион на Соединетите Американски Држави (САД) над Балтичкото Море.

Руски „РГРУ“: Од страна на компанијата „Бајкар“ во Турција е претставен летечкиот автомобил „Џезери“ (Cezeri).

Рускиот весник „Комерсант“: Рускиот телевизиски канал „Домашни“ ќе почне да ја емитува турската серија „Денот кога ми е напишана судбината“ (Kaderimin Yazıldığı Gün).

Германскиот информативен портал „zdf.de“: Германија соопшти дека од грчките острови ќе прими 1.553 мигранти.

Германскиот информативен сервисДојче Веле“:Германија соопшти дека на три германски компании кои работат на вакцината против коронавирусот ќе обезбедат поддршка во износ од 750 милиони евра.

Германскиот информативен портал „Welt.de“: Бројот на вработените лица во индустриското производство во Германија поради коронавирусот е намалена до досега невидено ниво во последниот период подолг од 10 години.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Катар нема да воспостави односи со Израел без претходно да се постигне соодветно решение во палестинското прашање.

Оманскиот весник „Ватан“: Бројот на инфектираните од Ковид-19 во светот се доближува до бројката од 1 милион.

Либанскиот весник „Ал Мустакбал“: Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Израел потпишаа договор за нормализација.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Заболените од Ковид-19 можат да го пренесат вирусот и по изминати 90 дена од заразата.

Кубанската новинска агенција „Пренса Латина“:Меѓународниот туризам (во Куба) во првата половина на 2020 година се намали за 65 отсто.

Аргентинскиот весникИнфобае“:Државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД) Мајк Помпео во рамките на неговата нова турнеја по Јужна Америка ќе ја посети границата помеѓу Бразил и Венецуела.

Францускиот весникЛе Монд“: Вирусот на Ковид-19 повторно го поттикна стравот од банкрот.

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Суга Јошихида кој е избран за нов премиер на Јапонија, ја презема должноста од Шинзо Абе.

Белгискиот весник „Ле Суар“: Климатските промени постепено ќе доведат до уште поголема штета во Белгија.



Слични вести