Странски печат 14.09.2020

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1490158
Странски печат 14.09.2020

Германскиот информативен портал „Welt.de“: По пожарот што се појави во бегалскиот камп Мориа во Грција кадешто 12 илјади бегалци останаа на улица без покрив над главата, на островот Лесбос (турски Мидилли) е формиран камп од шатори за 300 лица.

Германскиот веб сајт „Spiegel.de“: Пандемијата на коронавирусот влијаеше и на универзитетскиот живот во Германија. И покрај тоа што далечинското образование на почетокот се сметаше како добро решение сега некои професори бараат да се врати на директна комуникација, на настава лице во лице.

Германскиот информативен сервисДојче Веле“:Голем број Американци доживуваат тешки денови поради пандемијата. Во земјата кадешто мрежата на социјална безбедност не е силна како во Европа, голем број семејства можат да опстојат само со помош во храна.

Катарскиот информативен сервис „Ал Џезира“: Додека претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу го посетува островот Меис (грчки Кастелоризо), министерот за национална одбрана на Турција (Хулуси Акар) на блиску место до таму учествува на церемонии и му се нафрлува на Макрон (францускиот претседател Емануел).

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Мировните преговори (помеѓу Талибан и авганистанските власти коишто се одржуваат во главниот град на Катар, Доха) претставуваат историска можност којашто ја очекува авганистанскиот народ.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон: Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека нормализацијата со Обединетите Арапски Емирати и Бахреин ќе испумпа милијарди долари за нашата економија.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Поради потенцијалните ограничувања во Шпанија, за купување се избираат поготово куќите надвор од градовите.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“:Експерти на Организацијата забезбедност и соработка на Европа (ОЕЦД) истакнуваат дека Шпанија не е подложена на притисок за повторно отворање на училиштата и дека одлуката и припаѓа на самата оваа земја.

Венецуелскиот весникЕл Национал“:Венецуелскиот претседател Николас Мадуро формира Центар за озонска терапија за лекување од коронавирусот (Ковид-19).

Белгискиот весникЛе Суар“: Во Брисел 4 илјади лица учествуваа на митинг за подобрување на здравствениот систем.

Францускиоттелевизиски канал „Франс 24“: Либанската криза: Францускиот претседател Емануел Макрон упати повик за брзо составување на новата Влада во Либан.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Грција соопшти дека ќе купи 18 воени авиони од типот „Рафале“ од француско производство.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Претседателот на Белорусија Александер Лукашенко денеска во градот Сочи (на црноморското крајбрежје) ќе се состане со Путин (рускиот претседател Владимир).

Руската новинска агенција РИА Новости“: Русија и Индија ќе развијат ракета (проектил) којашто ќе може да ги уништува авионите за рано предупредување и разузнавање „АВАКС“ (AWACS).

Руската новинска агенција „ТАСС“: Во 83 области на Русија се одржаа локални избори.



Слични вести