Странски печат 31.08.2020

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1481990
Странски печат 31.08.2020

Германскиот информативен портал „ard.de“: Демонстрантите кои во главниот град на Германија, Берлин, протестираа против преземените мерки против епидемијата на новиот тип коронавирус, се обидоа да влезат во зградата на Федералниот Парламент Рајстагот.

Германскиот информативен порталadf.de“: Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер покажа реакција против екстремните десничари кои протестираа и беа причина за нереди пред зградата на Федералниот Парламент.

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: На чело на поплаките на лицата кои од Турција се враќаат во Германија се наоѓа правењето тест за Ковид-19. Патниците можат да се качат на авионот откако ќе направат тест најдоцна пред 48 часа од нивното пристигнување во Германија и откако ќе добијат негативен резултат.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Саудиска Арабија во Јемен употреби касетни бомби.

Оманскиот весник „Ватан“: Ирак соопшти дека во воената база „Ал Таџи“ нема странски сили.

Аргентинскиот весник Инфобае“: Во Перу, првите 3.000 вакцини за тестирање се потрошени за 10 минути. Двете вакцини на кинеската фирма „Sinopharm“ коишто се наоѓаат во третата фаза се тестираат (пробаат) во земјата од страна на 6.000 доброволци.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Шпанците не прифаќаат поранешниот крал Хуан Карлос да оди во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Шпанскиот весникЕл Мундо“: Првата фудбалска лига на Шпанија Ла Лига смета дека Барселона е во право поради што стави вето на заминувањето на Меси од екипата.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Голем број земји вклучувајќи ја и Франција ги зголемуваат мерките за спречување на појавата на евентуален втор бран на коронавирусот.

Францускиоттелевизиски каналФранс 24“: Либан соопшти дека Хезболах е спремен да го разгледа политичкиот договор предложен од страна на францускиот претседател Емануел Макрон.

Францускиот весникЛе Паризиен“: Во Франција се има за цел за една недела да бидат направени еден милион тестирања за Ковид-19.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Јапонскиот премиер Шинзо Абе го побара по телефон рускиот претседател Владимир Путин.

Руската новинска агенција РИА Новости“: Рускиот претседател Владимир Путин и белорускиот претседател Александер Лукашенко во наредните неколку недели ќе се состанат во Москва.

Рускиот весник „Комерсант“: Египет преплавен од руска пченица. Египет 80 отсто од увозот на пченица го обезбеди од Русија.



Слични вести