Странски печат 25.08.2020

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1478756
Странски печат 25.08.2020

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон: Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган предвидува дека Турција по Црното Море ќе пронајде природен гас и во Средоземното Море.

Катарскиот телевизиски канал „Ал Џезира“: По соопштувањето на договорот за прекин на огнот во Либија вооружените сили лојални на Халифа Хафтар ја пресече комуникацијата на Либија со градот Сирте, го прекина пристапот до интернет и го изолира градот.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Авиони во сопственост на воздушните сили на Катар и воздушните сили на САД во знак на односите коишто ги поврзуваат двете пријателски земји една со друга реализираа заеднички лет.

Кубанската новинска агенција „Пренса Латина“: Турција не мисли да ги повлече своите бродови од Источниот Медитеран.

Шпанскиот весник „Ла Вангардија“: Двајца пациенти кои повторно заразени од Ковид-19, вирусот го добија во Шпанија.

Шпанскиот весникЕл Паис“: Автономната управа Каталонија го забранува собирањето на повеќе од 10 лица, во градот Мурција оваа бројка е ограничена со 6 лица, додека во главниот град Мадрид се истакнува дека во никој случај не треба да се собираат на исто место повеќе лица.

Францускиот телевизиски каналФранс 24“: Ковид-19: Германија не ги препорачува патувањата во областите на Франција Ил-Де-Франс и Кот Д’Азур.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Алжир соопшти декана 1 ноември ќе се одржи референдум за уставни промени.

Францускиот весникЛе Монд“: Републиканците во Соединетите Американски Држави (САД) официјално ја соопштија кандидатурата на актуелниот претседател Доналд Трамп за претстојните претседателски избори.

Германскиот информативен сервис Дојче Веле“: Во Германија кадешто за еден ден бројот на случаите на зараза од коронавирусот се искачи на над 2 илјади лица, на дневен ред се наоѓа распространувањето на користењето на маски.

Германскиот информативен порталHandelsblatt “: Германскиот министер за надворшени работи Хеико Мас денеска по остварените средби и разговори во главниот град на Грција, Атина, ќе отпатува во посета на Анкара.

Германскиот информативен портал „TagesschauOnline“:Потврдено е сомневањето од труење на рускиот политичар опонент на Кремљ Навалниј кој се наоѓа на лекување во главниот град на Германија, Берлин.

Руската новинска агенција РИА Новости“: Заменик секретарот на Советот за безбедност на Русија Олег Храмов изјави дека 75 отсто од сите сајбер напади во светот се реализираат од Соединетите Американски Држави (САД).

Рускиот весникИзвестија“: Заменик државниот секретар на САД Стефан Биегун разговараше со Светлана Тикановскаја, опозициската лидерка и кандидатка за претседател на одржаните претседателски избори во Белорусија во врска со зајакнувањето на демократијата во оваа земја.

Рускиот весник „Комерсант“:Кипарско-грчката управа ќе ги отвори своите граници за одредена категорија руски државјани.



Слични вести