Странски печат 21.08.2020

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1476715
Странски печат 21.08.2020

Германскиот весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Сомневање за труење – Германската канцеларка Ангела Меркел предложи Алексеј Навалниј опонентот на рускиот претседател Владимир Путин, да се лекува во Германија.

Германскиот информативен портал „Spiegel.de“: Корона мерки – канцеларката Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон сакаат да избегнуваат од затворање на нови гранични премини.

Арапскиот весник „Њу Сабах“: Високиот совет за здравство и безбедност на Ирак соопшти дека не се дозволуваат туристичките посети надвор од земјата.

Јорданскиот весник „Ал Дустур“: Во 2020 година се очекува намалување во арапските економии од 4 отсто.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“: Кувајт забраната за излегување на улица (забрана за движење) ја укинува на 30 август.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Постепеното влошување на состојбата со епидемијата на коронавирусот ги принудува автономните заедници во Шпанија да воведуваат поригорозни мерки.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Процентот на младите заболени од коронавирусот од почетокот на пандемијата досега се зголеми за три пати.

Аргентинскиот весник „Инфобае“: Колумбискиот претседател Иван Дуке тврди дека владата а венецуелскиот претседател Николас Мадуро со посредство на опругата на Иран се обидува да се стекне со ракети од среден и долг дострел.

Францускиот весник „Ле Монд“: Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел во тврдината Брегансон во Франција ги изнесоа своите заеднички очекувања од Русија.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Криза во Мали - Западноафриканските земји сакаат претседателот на Мали Ибрахим Ебубакар повторно да се врати на должност.

Швајцарскиот весникЛе Темпс“: Предупредување од Светската банка: Поради пандемијата 100 милиони луѓе би можеле да западнат во сиромаштија.

Рускиотвесник Росискаја Газета“: 12 области на Русија се наоѓаат во „црвената зона“ подложени на најголемо влијание од Ковид-19. Тоа сочинува 14 отсто од целокупната територија на земјата.

Рускиот весникИзвестија“: Светлана Тикановскаја која ги изгуби претседателските избори во Белорусија упати повик до работниците за продолжување на штрајкот.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Обединетите нации (ОН) соопштија дека населението на Русија во 2020 година се зголеми за 2 милиони лица.



Слични вести