Странски печат 13.08.2020

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1472103
Странски печат 13.08.2020

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Автономните области Андалузија, Кастилија-Ла Манча и Кастилија и Леон, работат на тоа дали да се донесе забрана за пушење на улица како во Галиција.

Кубанската новинска агенцијаПренса Латина“: Производството на руската вакцина против Ковид-19 во Бразил би можело да започне во 2021 година.

Аргентинскиот весник Инфобае“: Во еден извештај на руската влада се предупредува во однос на тоа дека вакцината којашто е соопштена од страна на претседателот Владимир Путин, не е безбедна.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Според вестите објавени во американскиот печат, американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли барањето на саудискиот крал Салман бин Абдулазиз за окупација на Катар.

Оманскиот весник „Ватан“: Русија истакна дека тврдењата околу тоа дека вакцината против Ковид-19 не е безбедна не ја изнесуваат вистината.

Либанскиот весник „Ал Мустакбал“: Директорот на болницата Ел-Харири во Либан Фирас ел-Абјад истакна дека медицинските материјали се потрошени.

Германскиот весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Германскиот институт Робер-Кох соопшти дека вакцината против коронавирусот би можела да биде готова за наесен.

Германскиот информативен портал „t-online.de“: Намибија го одби предлогот на Германија за обештетување во износ од 10 милиони евра поради извршениот геноцид.

Германската новинска агенцијаДПА“: Предупредувањето на Германија за патување значи нов удар за Шпанија.

Францускиот весникЛе Паризиен“: Францускиот претседател Емануел Макрон му ги изнесе на рускиот претседател Владимир Путин своите „многу големи грижи.“

Францускиот весник „Ле Монд“: Францускиот премиер Жан Кастекс ќе учествува на церемонијата за оддавање почит на убиените волонтери хуманитарци во Нигер, која ќе се одржи во петокот.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Францускиот претседател Емануел Макрон по затегнатоста во Средоземното Море, го зајакнува француското воено присуство во регионот.

Рускиот информативен порталРБК“: Нето долгот на Русија е помал од изворите со коишто се располага и повторно изнесува позитивна бројка.

Рускиот веб сајт „Lenta.ru“: Полска побара од НАТО да интервенира во Белорусија.

Рускиот информативен сервис „Раша Тудеј“: Американскиот државен секретар Мајк Помпео истакна дека доколку се докажат тврдењата во врска со склучениот таен договор помеѓу Русија и Талибан, Русија ќе плати за тоа.



Слични вести