Странски печат 11.08.2020
Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

Германскиот информативен портал „Spiegel.de“: Локалните самоуправи во Германија која се соочува со суша, упатуваат шовик за штедење на вода.
Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Германскиот министер за здравство Јенс Спах истакна дека враќањето на навивачите на стадионите не претставува приоритет.
Германската новинска агенција„ДПА“:Германија, Франција и Италија подготвуваат санкции против криумчарите на оружје во војната во Либија.
Јорданскиот весник „Ал Дустур“: Либанскиот премиер Хасан Дијаб поднесе оставка и рече дека корупцијата е поголема од Либан.
Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Извршниот директор на Светската програма за храна Дејвид Бизли рече дека за неколку дена ќе бидат испратени за Либан илјадници тони житарици.
Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Експлозијата ги оштети историските згради на Бејрут.
Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“: Еден меѓународен извешај упати пофалба на тоа што катарскиот емир Шејх Тамим бин Хамад Ал Тани, и покрај блокадата и коронавирусот рационално раководи со кризата во својата земја и ја внесе земјата во безбедно пристаниште.
Францускиот весник „Ле Монд“: Убиството на француските хуманитарци во Нигер покажува кон колку лошо оди безбедносната состојба во регионот.
Францускиот весник „Ле Паризиен“: На донаторската конференција за Либан што се одржа под водство на францускиот претседател Емануел Макрон, се собрани 250 милиони евра помош.
Францускиот весник „Либерасјон“: Еден дел од бомбите солзавци коишто се користат од страна на безбедносните сили врз демонстрантите во Бејрут, се продадени од страна на француски компании.
Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Експерти сметаат дека Шпанија треба да преземе поригорозни мерки против коронавируот (Ковид-19).
Мексиканскиот весник „Ел Универзал“: Со помош на сончеви зраци морската вода е претворена во вода за пиење.
Аргентинскиот весник „Кларин“: Поради коронавирусот 12 отсто од вработените во приватниот сектор во Аргентина ја изгубија својата работа.
Рускиот весник „Известија“: Турција ги стави во примена новите правила за влегување на туристите во земјата.
Руската новинска агенција „ РИА Новости“: Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека сака да го покани рускиот претседател Владимир Путин на претстојниот состанок на земјите од Групата Г-7.
Руската новинска агенција ТАСС “: На протестите коишто започнаа по претседателските избори во Белорусија, во главниот град Минск загина едно лице.