Странски печат 07.08.2020

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1468663
Странски печат 07.08.2020

Арапскиот весник „Њу Сабах“: Поради новиот тип коронавирус (Ковид-19) не можат да добиваат образование голем број деца.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани издаде инструкција за испраќање на теренски болници во Либан.

Јорданскиот весник „Ал Дустур“: Песимистичко медицинско предупредување – Очекуваната вакцина нема да го реши проблемот со Ковид-19.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Шпанската област Баскија и локалната самоуправа е загрижена од можноста за започнување на втор бран на пандемијата.

Шпанскиот весникЕл Мундо“: Во испитувањата коишто се реализирани во отпадните води во 28 различни области на Мадрид е утврден голем процент на вирус Ковид-19.

Венецуелскиот весник Ел Национал“: Колумбискиот претседател Иван Дуке истакна дека под никакви услови нема да се состане со венецуелскиот лидер Николас Мадуро.

Германскиот информативен портал „Spiegel.de“: Германија испрати помош за либанскиот главен град Бејрут составена од кучиња за спасување и 15 тони хуманитарна и друг вид помош.

Германската новинска агенција„ДПА“: Во експлозијата во Бејрут загина една германска дипломатка.

Германскиот информативен портал „merkur.de“: Германскиот министер за здравство Јенс Спах истакна дека од сабота ќе биде ставено во примена задолжително тестирање од Ковид-19 за патниците кои ќе доаѓаат во земјата од земји со висок ризик.

Францускиот весник „Ле Монд“: По двојната експлозија во Бејрут, францускиот претседател Емануел Макрон ги повикува либанските лидери на „коренити промени“.

Белгискиот весник „Ле Суар“: Обединетото Кралство ќе применува карантин за патниците кои ќе доаѓаат од Белгија.

Рускиот весник „Росискаја Газета“: Руското министерство за одбрана соопшти под кои услови ќе треба да се изврши нуклеарно бомбардирање.

Руската новинска агенција „Интерфакс“: Украина и достави информации на Белорусија за префрлување на милитанти на нејзините граници, од јужниот фронт.

Руската новинска агенција РИА Новости“: Управата на Крим му објасни на белорускиот претседател Александер Григориевич Лукашенко зошто Украина не влезе во војна за полуостровот.



Слични вести