Странски печат 05.08.2020

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1467280
Странски печат 05.08.2020

Германскиот информативен портал „ard.de“: Германија го укина предупредувањето за патување за 4 градови во Турција.

Германскиот информативен портал „zdf.de“: Во училиштата во покраината Северна Рајна-Вестфалија во Германија ќе биде задолжително да се носи маска.

Германски „Дојче Веле“: Претседателот на Унијата на германските лекари рече дека во Германија започна вториот бран на Ковид-19.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“: Израел соопшти дека нема никаква врска со експлозијата во Бејрут.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Бејрут прогласен за катастрофална област.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Шпанскиот премиер Педро Санчез, по тврдењата за корупција во врска со поранешниот крал Карлос, бранејќи ја уставната монархија го рече следното: „Овде не им се суди на институциите, туку на лица поединци.“

Шпанскиот весникЕл Мундо“: Хотелиерите во Мадрид протестираа против локалната самоуправа поради укинувањето на 1.500 дозволи за тераси.

Венецуелскиот телевизиски канал Телесур“: Либанскиот претседател  Мишел Авн прогласи национална жалост за настраданите во експлозијата во Бејрут.

Белгискиот весник „Ле Суар“: Во експлозијата во Бејрут е причинета штета во амбасадата на Белгија. Министерот за надворешни работи Филип Гофин му предложи помош на Либан.

Францускиот весник „Ле Паризиен“: Носењето маска против Ковид-19 надвор, на отворено, е задолжително, а наскоро ќе биде задолжително и во Париз.

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Во пожарот во Марсеј се оштетени 800 хектари, а се евакуирани 1.200 лица

Руската новинска агенција „ТАСС“: Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во остварениот телефонски разговор со либанскиот претседател Мишел Авн го изрази своето сочувство до либанскиот народ поради експлозијата во Бејрут и рече дека Турција е спремна да ја достави неопходната хуманитарна помош особено во сферата на здравството.

Руската новинска агенција РИА Новости“: Централната изборна комисија на Русија одлучи да не испрати свои набљудувачи на претседателските избори во Белорусија.

Рускиот весник „Известија“: Русија ги укина ограничувањата за патувањата без виза во земјата за краткорочни деловни патувања на странските државјани.



Слични вести