Странски печат 24.07.2020

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства з аинформирање посветени на Турција

1461015
Странски печат 24.07.2020

Саудискиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон истакнува дека еден ирански патнички авион за време на летањето над сирискиот воздушен простор беше испровоциран од страна на американските брбени авиони поради што беше принуден да слета на аеродромот во Бејрут во Либан.

Катарскиот ТВ-канал „Ал Џезира“ во веста под наслов „Враќање кон реториките на Студената војна“ ја објавува изјавата на американскиот министер за надворешни работи Мајк Помпео кој рече дека „Кинескиот конзулат во американскиот град Хјустон беше центар на шпионажа и крадење на интелектуалната сопственост.“

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“ истакнува дека Емирот на Катар упати порака до претседателот на Јужен Судан за поддршка и развој на билатералните односи.

Германскиот портал „Вестфален-блат.де“ истакнува дека европските земји формираа нова платформа за спрелување на миграциите прек балканската маршрута.

Германски „Франкфуртер рундшау“ истанува дека екстремнодесничарските заканувачки писма „НСУ 2.0“ кои одреден период ја окуираат внатрешната политичка јавност на Германија, биле испраќани од страна на некои пратеници на опозиционите Партија на Зелените и Левичарската партија.

Германски „Дојче веле“ ја објавува изјавата на Томас Бареб висок претставник на германската влада одговорен за туризмот кој рече дека постои веројатност за укинување на забраната за патување во Турција, која влеа надеж.

Шпанскиот весник „Ел Паис“ истакнува дека Владата на Шпанија со цел да ја дигитализира економијата на земјата во претстојнте пет години ќе инвестира 140 милијарди евра.

Аргентинскиот весник „Инфобае“ истакнува дека изборниот суд на Боливија донесе одлука за повторно одлоување на претседателските избори на 18 октовмри.

Аргентинскиот венсик „Перфил“ истанува дека замрзнувањето на платите на пратениците и сентаорите беше пролонгирано за уште 180 денови (Сенатот на Аргентина во декември 2019 година одлуката ја продолжи согласно итните екеонмски превентивни мерки).

Францускиот весник „Монд“ истакнува дека Кина издаде наредба за затворање на американската амбасада во Ченгду.

Францускиот весник „Фигаро“ истакнува дека денес во Франција ќе се состане новоформираниот Совет за разгледување на новите превентивни мерки.

Белгискиот весник „Ле Суар“ истакнува дека недоволноста на вакцините против грип во Белгија ја зголеми загриженоста на лекарите.

Рускиот весник „Известија“ истакнува дека терористот кој имс е рпедаде на силите на режимот во Сирија ги изнесен американските провокации во кои учествувал.

Рускиот весник „Комерсант“ истакнува дека претсдетаелот на Чеченија Рамазан Кадиров воведе забрана за американскиот министер за надворешни работи Мајк Помпео.

Рускиот ТВ-канал „РБК“ истакнува дека Русите 8 отсто од заштедите ги потрошија за време на економската криза.



Слични вести