Странски печат 23.07.2020

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1460309
Странски печат 23.07.2020

Францускиот весник „Ле Монд“: САД дадоа пред порачка од 100 милиони дози од вакцината со потенцијал да биде влијателна против коронавирусот.

Белгискиот весник „Ле Суар“: Според белгиските истражувачи вториот бран на коронавирусот би можел да биде полош од првиот.

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Опцијата бесплатна маска за сите против Ковид-19 во Франција, отфрлена од страна на извршната власт.

Катарскиот весник Ал Раја Ал Катарија“: Египќаните се противат на авантурата на претседателот Абдулфетах ес-Сиси во Либија.

Весникот „Ал Имарат Ал Јоум“ кој се објавува во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ): Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) бараат задолжително тестирање за Ковид-19 од патниците кои ќе доаѓаат во земјата.

Оманскиот весник „Ватан“: Султанството Оман учествуваше на состанокот на Светската здравствена организација (СЗО) на ниво на министри за здравство.

Германски „Дојче Веле“: Грција ги распореди своите воени бродови во Егејското Море.

Германскиот весникЗудојче Цајтунг“: На аеродромите во Германија се планира да се врши тестирање за коронавирусот.

Германскиот весникФранкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Кај германските фудбалски лиги, во Бундеслигата,  постои очекување натпреварите во новата сезона да се одигруваат со гледачи.

Аргентинскиот весник „Инфобае“: Сенатот на Чиле го одобри нацртот во врска со предвременото повлекување на пензиските фондови.

 Шпанскиот весник „Ел Паис“: Големите гужви во здравствените центри го отежнуваат следењето на новите случаи на инфектирање од Ковид-19.

Кубанскиот телевизиски канал Телесур“: Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) предупредува во врска со влијанијата на Ковид-19 над предучилишното образование.

Рускиот новинска агенција „РИА Новости“: Заменик државниот секретар на САД Стефан Биган истакна дека надворешната политика којашто ја следи Русија оневозможува да се постигне напредок во односите со САД.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Во Русија регистриран првиот случај на здравствен работник кој во текот на 2 месеци по втор пат е заболен од коорнавирусот.

Рускиот весник „Известија“: Соопштени евентуалните влијанија на епидемијата на Ковид-19 врз економијата во Русија; Продажбите на автомобили ќе опаднат, цените на нафтата ќе растат.

 



Слични вести