Странси печат 22.07.2020

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање

1459500
Странси печат 22.07.2020

Германски „Билд.де“ истакнува дека „Ќе биде многу полошо пред да се подобри“ ја објавува изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп кој предупреди на поголемо влошување на кризата во земјата во врска со Ковид-19.

Германски „Шпигел“ истакнува дека САД поднесе кривична пријава против двајца кинески хакери кои ги хакираа активностите за развој на вакцината против пандемијата на Ковид-19.

Германски „Дојче веле“ истакнува дека германскиот министер за надворешни работи Хеико Маас ја критикуваше египетската политика кон Либија.

Шпански „Ел Паис“ истакнува дека во рамките на истражувањата во врска со Ковид-19, 40 отсто од инфектираните случаи се под 40 годишна возраст. Повеќето од нив не знаат каде биле инфектирани.

Мексикански „Ел Универзал“ ја пренесува изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп кој рече дека уште повеќе ќе се влоши глобалната епидемија.

Колумбиски „Ел Тиемпо“ истакнува дека вакцината против Ковид-19 која беше откриена од страна на британскиот универзитет Оксфорд постои веројатност една единица да се продава по 2,5 долари.

Арапската медиумска куќа „Ал џезира“ истакнува дека официјален Триполис, одлуката на Египет за интервенција во Либија ја смета за директна закана врз суверенитетот, додека претседателот Реџеп Тајип Ердоган истакна дека Турција нема да дозволи непромислена акција во Либија.

Катарскиот весник „Ал-раја“ ја објавува изјавата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган кој рече дека на Египет нема да му дадеме шанса во Либија.

Арапскиот весник „Ал-Кудс Ал-Араби“ го објавува соопштението на Белата куќа во кое се истакнува дека претседателот Доналд Трамп на телефоснкиот разговор со престолонаследникот на Абу Даби принцот Мухамед Бин Зајед во вторникот вечерта потенцирал на значењето на намалувањето на напнатоста во Либија.

Јорданскиот весник „Ад-Дустор“ истакнува дека некои заливски земји на своите граѓани им дадоа одобрение за патување во странство и враќање назад во земјата.

Францускиот весник „Монд“ истакнува дека во најжестокиот период на епидемијата, стапката на смртни случаи се зголеми дури за 60 отсто.

Францускиот весник „Фигаро“ истакнува дека 66 отсто од Французите стравуваат од втор бран на Ковид-19.

Францускот ТВ-канал „Франс 24“ истакнува дека американскиот претседател Доналд Трамп кој на анкетите за претседателските избори е во тешка ситуација, ја менува реториката за пандемијата.

Руската новинска агенција „РИА новости“ истакнува дека членот на високото крило на рускиот парламент Алексеј Пушкин остро реагираше на американскиот повик за суспеднирање на руските активности за развој на нуклеарните ракети.

Новинската агенција РТ (Раша тудеј) истакнува дека новиот хеликоптер за потребите на руските специјални единици почна со тестовите за летање.



Слични вести