Странски печат 21.07.2020

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1458835
Странски печат 21.07.2020

Францускиот весник „Ле Паризиен“: На крајот на самитот на Европската унија (ЕУ) 27 земји членки постигнаа договор по прашањето на програмата за помош.

Францускиот весник „Ле Монд“: Во процентот на ширење на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Франција постои мал раст.

Белгискиот весник „Ле Суар“: Светската здравствена организација (СЗО) е загрижена од брзината на ширење на пандемијата на Ковид-19 во Африка.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Шпанскиот премиер Педро Санчез во текот на самитот на Европската унија (ЕУ) презеде „урамнотежувачка“ улога.

Аргентинскиот весник „Ла Вангардија“: Европската унија (ЕУ) го усвои големиот договор по прашањето на економското опоравување.

Аргентинскиот весник „Инфобае“: Венецуелскиот претседателот Николас Мадуро кој мигрантите кои се враќаат во Венецуела ги нарече „биотерористи“, мораше да се извини.

Арапскиот весник „Њу Сабах“: Секретаријатот за одбрана Пентагон на САД соопшти дека во рамките на постигнатиот договор со Талибан американските војници се повлечени од 5 воени бази.

Јоданскиот весник „Ал Дустур“: Ковид-19 во првиот квартал на 2020 година го зголеми долгот на светот на 258 трилиони долари.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“: Генералниот секретар на Арапската лига (АЛ) Ахмед Абул Геит ја покани меѓународната заедница за заштита на Јеменците од глад да ги исполни своите ветувања по прашањето на финансиската помош.

Германски „Дојче Веле“: Гринпис соопшти дека Германија со извозот на оружје систематски ги прекршува принципите.

Германскиот информативен портал „Bild.de“: Експерти предупредија во однос на последиците на Ковид-19 дека германската економија ќе се опорави најрано во 2022 година.

Германскиот веб сајт „Tagesschau.de“: Постигнат договор на самитот на Европската унија (ЕУ). Спремен финансискиот пакет во износ од 1 трилион евра.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Руското министерство за одбрана информира дека е подготвена вакцината против Ковид-19.

Рускиот весник „Росискаја Газета“: На местото на гувернерот на Набаровск Фургал кој е разрешен од должност со тврдење за замешаност во убиство, од страна на рускиот претседател Владимир Путин е назначен Михаил Дегтјарев кој отпатува во областа за преземање на својата должност. Народот во Набаровск извесно време одржува протести за поддршка на гувернерот Фургал кој е разрешен од должност.

Рускиот весник „Известија“: Меѓународните летови во прва фаза ќе можат да бидат започнати само во 6 градови на Русија.



Слични вести