Странски печат 02.07.2020

Еве некои позначајни случувања за кои зивестуваа странските средства за информирање

1447878
Странски печат 02.07.2020

Саудискиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ истакнува дека коалицијата под водство на Саудиска Арабија, во Јемен започна воена операција против Хутите.

Катарскиот весник „Ал Раја“ истакнува дека на протестите во врска со атентатот на интепретаторот Хасхалу Хундиса загинаа 50 лица.

Јорданскиот весник „Ад-Дустур“ ја објавува изјавата на британскиот премиер Борис Џонсон кој рече дека ќе ја спречи досегашната поддршка на меѓународната платформа за израелскиот план на анексија (на Западниот Брег).

Францускиот весник  „Паризиен“ во веста посветена на даночната корупција истакнува дека државата во 2019 поврати 12 милијарди долари и дека тоа е рекорд.

Францускиот весник „Фигаро“ во веста посветена на ревизијата на владата во Франција истакнува дека 57 отсто од Французите бараат актуелниот премиер Едуар Филип да остане во Матињон (седиштето на владата).

Францускиот весник „Монд“ истанува дека Високиот управен суд на Франција ја одобри одлуката за повисока уписнина од странските студенти.

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ истакнува дека корона кризата беше причина за зголемување на стапката на невработеност во јуни во Германија.

Германската новинска агенција „ДПА“ истакнува дека поради коронавирусот, компанијата Фолксваген го суспендира планот за формирање фабрика во Турција.

Германското неделно политико списание „Дер Шпигел“ истакнува дека Турцја бара да се прекине забраната за патување. Денес двајца министри од Турција престојуваа во посета на Берлин кадешто ќе оржат средби за укинување на предупредувањето за патување.



Слични вести