Странски печат 30.06.2020

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање

1446066
Странски печат 30.06.2020

Француски „Паризиен“ истаканува дека според последните резултати од локалните избори, расте бројот на жените градоначалнички во Ил де Франс (Парискиот регион).

Францускиот весник „Фигаро“ истакнува дека околу 70 млади бегалци и мигранти во Париз кои сеуште немаат исправи за престој или некој друг документ, формираа еден нелегален камп.

Белгскиот весник „Суар“ истакнува дека Европа се подготвува за закрепнување, Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон започуваат операција за стегање на ременот.

Германски „Билд.де“ истакнува дека во Германија веќе никој не се придржува кон правилата на коронавирусот.

Германски „Дојче веле“ истакнува дека Венецуела во знак на реваншизам на санкциуте на ЕУ донесе одлука да депортира еден амбасадор на ЕУ.

Германски „ард.де“ истакнува дека германската канцеларка Ангела Меркел пред преземањето на функцијата привремен претседавач со ЕУ, беше домаќин на францускиот претседател Емануел Макрон.

Катарскиот медиум „Ал Џезира“ истакнува дека членот на Европскиот парламент Чарлс Геренес во врска со правата на работниците од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) побара под итно да се придржува кон законите и начелата Меѓународната организација на трудот (ИЛО).

„Ал Џезира“ во една друга вест истакнува дека Официјален Ријад и Вашингтон бараат да се продолжи ембаргото врз Иран.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ истакнува дека Иран издаде наредба за апсење на американскиот претседател Доналд Трамп поради убиството на Касим Сулејмани, командантот на Револуционерната гарда, поради што од Интерпол побара помош за издавање потерница.

Катарскиот весник „Ал Раја“ истакнува дека денес во Бризел зпаочна бриселската конференција за поддршка на иднината на Сирија.

Шпанскиот весник „Ел Паис“ истакнува дека шпанскиот премиер Педро Санчез со денешната посета на Мавританија се враќа кон надворешните посети кои привремено ги откажа поради пандемијата.

Шпанскиот весник „Ла Вангардија“ истакнува дека почнувајќи од 1 јули, ЕУ ќе ги отвори границите за 15 земји. САД; Русија и Брази се надвор од листата.

Аргентинскиот новински веб портал „Инфобае“ истакнува дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро по одлуката на ЕУ за преземање санкции врз неговата земја, ја избрка претставничката на Унијата Изабела Брињанте Педроса од каракас.

Руската новинска агенција ТАСС истакнува дека руското министерство за надворешни работи повторно го отвори патот на нуклеарните тестови на САД.

Руската новинска агенција „РИА новости“ истакнува дека Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) го спречи обидот за терористички напад во Владикавказ.

Руската новинска агенција „ТАСС“ истакнува дека САД ги заостри ограничувањата на извзот кон Русија.



Слични вести