Странски печат 29.06.2020

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1445201
Странски печат 29.06.2020

Јорданскиот весник „Ал Дустур“: Генералниот секретар на Извршниот комитет на Палестинската ослободителна организација Саеб Еракат истакна дека ставот што го покажува Јордан во врска со анексијата се очекува од сите арапски земји. 

Информативниот сервис „Ал Џезира“: Палестинските групи упатија повик за покажување сеопфатен отпор против планот за анексија.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Функционерот на Обединетите нации (ОН) побара да бидат фрлени неопходните чекори за спречување на аннексијата на Западниот Брег. 

Германскиот информативен портал „Bild.de“: Обид за подметнување пожар во градата на Парламентот во главниот град на Германија, Берлин... Неидентификувани лица фрлија запалливи материјали на зградата на Парламентот.

Германски „Дојче Веле“: Дискусии во однос на тоа дека месото во Германија е многу ефтино... Откако дојде до појава на голем број случаи на зараза од коронавирусот во фабриките за месо во Германија, ги разгоре дискусиите околу тоа дека поради лошите услови на работа во кланиците цената на месото е многу ефтина. Зошто месото е ефтино и како се утврдува цената?

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Шпанија затвори 7 термички централи кои работеа со јаглен и го започна процесот за повторно закопување во земјата на ова фосило гориво.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Епидемијата на Ковид-19 повторно го активира мигранскиот бран од бреговите на Алќир кон шпанските Балеарски острови.

Венецуелскиот весник „Ел Национал“: Во Венецуела нема да работат филијалите на банките во областите во кои се преземени ригорозни мерки на карантин поради Ковид-19.

Францускиот весник „Ле Монд“: Историска победа на Движењето на Зелените во големите градови на Франција, на локалните избори 2020.

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Борба против полициското насилство: Француската државјанка Аса Траоре чиј брат Адама Траоре од африканско потекло беше убиен од страна на француската полиција во 2016 година, беше наградена во Соединетите Американски Држави (САД).

Белгискиот весник „Ле Суар“: Советот на Европа ја критикуваше Белгија по прашањето на неправдата во приходите.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Белорускиот претседател Александар Лукашенко истакна дека неговата земја се уште се соочува со закана од поделба.

Рускиот весник „Известија“: По пандемијата во Русија ќе дојде до зголемување на бројот на заболените од дијабетис.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Лекарите истакнаа дека кај лицата кај кои е пробана вакцината за Ковид-19 од руско производство не се согледани било какви негативни ефекти.



Слични вести