Странски печат 25.06.2020

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1442945
Странски печат 25.06.2020

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“: Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал-Малики истакна дека доколку Израел ги анектира палестинските територии состојбата ќе биде целосно различна од сегашната.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Катар и Соединетите Американски Држави (САД) ја зајакнуваат меѓусебната соработка во борбата против тероризмот.

Катарскиот информативен сервис „Ал Џезира“: Почна да се потрошува кислородот (којшто се употребува за заболените од Ковид-19). Светската здравствена организација (СЗО) претпоставува дека бројот на инфектираните со коронавирусот во наредната недела ќе достигне до 10 милиони.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), најтешкиот удар од коронавирусот меѓу развиените земји ќе го здобие Шпанија.

Аргентинскиот весник „Ел Универзал“: Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека неговиот мексикански колега претседателот Лопез Обрадор наскоро ќе го посети Вашингтон.

Колумбискиот весник „Ел Тиемпо“: Едно спроведено истражување вроди знаци прашалници по прашањето на добивање имунитет во долг временски период против коронавирусот. Мал број луѓе можат да развиваат издржливи антитела против вирусот.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: (Францускиот претседател) Емануел Макрон се обидува да ја спречи социјалната криза. Разговараше со претстваниците на синдикатите со цел да се спречат отпуштањата од работа поради кризата со коронавирусот.

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Музејот Лувр претрпи загуба од 40 милиони евра и се предвидува обемен „план на промена“ за музејот.

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Домовите за старци во Франција по коронавирусот, овојпат се соочуваат со топлотен бран од високи температури.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Во Русија започна гласањето за измени во Уставот на Русија.

Рускиот весник „Известија“: Во Федералната служба за извршување на казни на Русија се добиени позитивни тестови од коронавирус кај 766 затвореници и 2.132 вработени.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Претседателот на Киргизистан кој се врати од посетата на Москва се стави во карантин (се самоизолира).

Германскиот весник „Ди Велт“: Германскиот фармацевтски и хемиски концерн „Бајер“ ќе им плати отштета на тужителите во врска „глифосатот“ во износ од 10,9 милијарди евра.

Германскиот весник „Дојчланд Тудеј“: Повик од генералниот секретар на Обдеинетите нации (ОН) Антонио Гутерес до Израел да се откаже од планот за анексија.

Германскиот информативен портал „Stern.de“: Во Русија се одржува референдум за измени во Уставот на земјата.



Слични вести