Странски печат 16.06.2020

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1436781
Странски печат 16.06.2020

Германскиот информативен портал „Spiegel.de“: Германските туристички работници велејќи дека предупредувањата за патување кон земји меѓу кои се наоѓа и Турција доведе до загуби од милијарди евра и побараа овие предупредувања да бидат укинати.

Германскиот весник „Зудојче Цајтунг“: Германската Влада стана акционер на фармацевтската компанија „CureVac“ која развива вакцина против коронавирусот (Ковид-19).

Германски „Дојче Веле“: Остра реакција од Хамас на плановите на Израел за анексија на палетсинските територии на Западниот Брег.

Катарскиот информативен сервис „Ал Џезира“: Меѓународниот институтот за мировни истражувања со седиште во Шведска истакна дека Израел располага со 90 нуклеарни боеви глави.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“: Во Канада се одржа протест пртив забраната за носење шамија за врбаотените во јавниот сектор.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Владата на национално единство на Либија упати повик за меѓународна помош по прашањето на поведување истрага во врска со пронајдените масовни гробници во областите окупирани од страна на пучистот Хафтар кој се обидува да ја заземе земјата.

Францускиот весник „Ле Монд“: Здравствените работници во Франција вршат притисок врз Владата. Здравствениот персонал кој стана херој во кризата со Ковид-19 бара уочливо подобрување на платите. 

Францускиот весник „Ле Фигаро“: (Претседателот на Франција) Емануел Макрон за поддршка на производството на вакцината во неговата земја денеска во градот Лион ќе ги посети постројките на фармацевтската компанија „Sanofi“. 

Швајцарскиот весник „Ле Темпс“: Според едно истражување, во Женева од коронавирусот се инфектирани 11 отсто од жителите. Е регистриран вирус кај само мал дел од жителите на Женева, а освен тоа кај едно од 123 деца е регистриран вирус.

Рускиот информативен веб-сајт „Lenta.ru“: Поради епидемијата на Ковид-19 се откажани манифестациите по повод Денот на победата во 13 градови на Русија. 

Рускиот весник „Известија“: Руското Министерство за здравство и Националниот институт за епидемиолошки  и микробиолошки истражувања во наредните денови ќе ги започнат експериментите на вакцината против коронавирусот (Ковид-19) врз луѓе. 

Руската новинска агенција „РБК“: Надмината критичната етапа во чистењето на дизел горивото коешто истече во реката во градот Норилск во Русија.

Шпанскиот весник „Ла Вангардија“: Генералитат (Владата на автономната управа на Каталонија) реализира инвестирање од 7 милиони авра за поттикнување на туризмот.

Аргентинскиот весник „Инфобае“: Израелските научници веруваат дека еден антипаразитерен лек би можел да влее надеж против Ковид-19.

Чилеанскиот весник „Ел Меркурио“: Околу 45 отсто од заболените од Ковид-19 би можеле да бидат асимптоматски и тоа би можео да го  доведе во поискомплицирана состојба контролирањето на болеста.



Слични вести