Странски печат 10.06.2020

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1433043
Странски печат 10.06.2020

Белгискиот весник „Ле Суар“: Според Светската здравствена организација (СЗО), состојбата со коронавирусот во светот оди кон полошо.

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Ајфеловата кула во главниот град на Франција, Париз, (која беше затворена во рамките на преземените мерки против коронавирусот) на 25 јуни ќе биде отворена за посетителите.

Францускиот весник „Ле Монд“: Се одржа погребот на Џорџ Флојд кој го загуби животот во полициско насилство во САД, додека по ова прашање не пристигна ниту едно соопштение од американскиот претседател Доналд Трамп.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Велика Британија: Врховниот суд на Израел одлуката за окупирање на териториите коишто и припаѓаат на Палестина ја оцени за „спротивна на Уставот“.

Јорданскиот весник „Ал Дустур“: Во Палестина се регистрирани 7 нови случаи на зараза од Ковид-19 меѓу кои се наоѓаат и деца, додека во Либија по враќањето на лицата од странство дојде до зголемува во бројот на случаите на зараза.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Катар остро го осуди нападот извршен од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во градот Ван чија цел беше цивилно сервис возило и го изрази своето сочувство до Турција.

Германски „Дојче Веле“: Партијата на Зелените побара да биде изваден изразот „раса“ којшто се наоѓа во Уставот на Германија.

Германскиот информативен портал „Börsen-Zeitung.de“: Грција и Италија постигнаа договор за формирање на ексклузивна економска зона во Средоземното Море.

Германскиот информативен портал „Tagesshau.de“: Во извозот којшто го сочинува 'рбетот на германската економија поради мерките против Ковид-19 е регистриран најголемиот пад во последните 70 години.

Аргентинскиот весник „Кларин“: Панамериканската здравствена организација предупреди дека месецот јуни е критичен месец за Латинска Америка во борбата против Ковид-19.

Шпанскиот весник „Ла Вангардија“: Објавениот указ во Шпанија во врска со „новата нормала“ социјалното растојание го намали на 1,5 метри.

Шпански „Ел Мундо“: Шпанските универзитети поради стагнацијата во вработувањето губи престиж  на меѓународен план.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Портпаролот на Кремљ (претседателскиот дворец) Дмитриј Песков ги демантира тврдењата во однос на тоа дека статистичките бројки во врска со коронавирусот во Русија се покажуваат ниски.

Рускиот весник „Известија“: Рускиот сенатор Алексеј Пушков истакна дека Романија која размислува Русија да ја дефинира како непријателска земја, ги повторува оние лажни и банални тези на САД во врска со „агресивноста“ на Русија.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Русија е прикажува како една од 5-те земји кои ќе се опорават најбрзо по кризата предизвикана од пандемијата на новиот тип коорнавирус (Ковид-19).

 



Слични вести