Странски печат 05.06.2020

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање

1430033
Странски печат 05.06.2020

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува Лондон истакнува дека денес во Минеаполис ќе се одржи погребна церемонија за Џорџ Флојд, кој загина како последица на насилството во САД.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“ истакнува дека и покрај исклучителната сиуација во која се наоѓа земјата и светот поради коронавирусот, Катар ќе продолжи со борбата против ДЕАШ (ИСИС).

Арапскиот ТВ-канал „Ал Џезира“ истакнува дека Израел оствари нови воздушни напади врз воените цели на режимот во Сирија во руралното подрачје на Хама.

Германски „Дојче веле“ истакнува дека во период кога Глобалниот самит за вакцини се одржува под сенката на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19), за развој на новите вакцини беше дадено ветување за изнаоѓање извори од 8 милијарди евра за програмите за вакцини и во сиромашните земји.

Германски „Стерн.де“ истакнува дека бранителите на човековите права ќе поднесат кривична пријава против американскиот претседател Доналд Трамп поради употребата на полициските сили против демонстрантите.

Германски „Зидојче цајтунг“ истакнува дека Бразил е трета земја во светот во која што се забележани најголем број на смртни сучаи од Ковид-19.

Шпански „Ел Паис“ истакнува дека кај лилјаците во Кина беа утврдени сттици нови типови на коронавирусот. Резултатите од истражувањето ја покажаа огромната разновидност на вирусот во природата.

Белгиски „Ле Суар“ во веста под наслов „Полицијата и расизмот“ истакнува дек Франција треба да се откаже од негирање.

Францускиот ТВ-канал „Франс 24“ во врска со случувањата во Венецуела истакнува дека според изјавата на еден министер, опозициониот лидер Хуан Гуардио се наоѓал во Амбасадата на Франција во Каракас.

Француски „Монд“ истакнува дека пандемијата предизвика тронеделна пауза во искористувањето на светските извори.

Руската новинска агенција „ТАСС“ истакнува дека Руското министерство за одбрана ја избра првата група на волонтери за тестирање на вакцината.

Руската новинска веб страница „Риа Новости“ истакнува дека во една болница во Москва беше остварен еден нов пробен метод на лекување на Ковид-19.

Руската новинска агенција „Интерфакс“ истакнува дека во руската река Норилск може да се изгради еден гасовод за чистење на горивото.



Слични вести