Странски печат 04.06.2020

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1429224
Странски печат 04.06.2020

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Полицискиот службеник кој беше причина за смртта на Џорџ Флојд во Соединетите Американски Држави (САД) веќе се обвинува за убиство со умисла.

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: И Адама Траоре (од африканско потекло во Франција) исто како и Американецот Џорџ Флојд, го загуби животот со давење од страна на полицијата за време на неговото приведување пред 4 години во 2016 година. За протестирање против смртта на Адама Траоре во главниот град Париз се собраа илјадници демонстранти.

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Границите во Европа (кои беа затворени поради коронавирусот) се отвораат за европските туристи во склопот на определени услови.

Саудискиот весник „Ал Кудс Ал Араби“: Армијата на Владата на национално единство на Либија ја презеде контролата со аеродромот во главниот град Триполи.

Јорданскиот весник „Ал Дустур“: Палестинскиот претседател Махмуд Абас со цел елиминирање на новиот тип коронавирус (Ковид-19) го продолжи за уште 30 дена рокот на вонредната состојба.

Катарскиот информативен сервис „Ал Џезира“: Кувајтскиот премиер Шехј Сабах Халид Ал Хамад Ал Сабах го изрази своето жалење поради тоа што Заливската криза е влезена во својата четврта година и потврди дека продолжуваат обидите за компромис меѓу страните.

Шпанскот весник „Ел Периодико“: Во трката за отворање на границите се приклучи и Шпанија.

Венецуелскиот телевизиски канал „Телесур“: Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро ги спречи фондовите коишто ќе се користат во борбата против Ковид-19.

Чилеанскиот весник „Ел Меркуро“: Лекот хидроксиклорокин продолжува да создава дискусии по прашањето на лекување од Ковид-19.

Руската новинска агенција „РБК“: Медијата ги дозна целите на новите санкции на Соединетите Американски Држави (САД) во однос на гасоводот „Северен тек 2“.

Рускиот весник „Комерсант“: Русија ги интензивира контактите со САД, Турција и Египет, страните инволвирани во конфликтот во Либија.

Германски „Дојче Веле“: Нов стимулативен пакет во Германија во износ од 130 милијарди евра.

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Одржаните протести за Французинот од африканско потекло Адама Траоре кој го загуби животот за време на неговото приведување од страна на полицијата пред 4 години во Париз, станаа сцена на судири помеѓу демонстрантите и полицијата.

Германскиот информативен портал „Zeit online“: Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер фрли чекор назад од својот претходно изнесен став во кој истакна дека е против испраќањето на задача на војската за време на уличните протести коишто започнаа по убиството на Џорџ Флојд во САД и кој претходно рече дека мисли различно од американскиот претседател Доналд Трамп по ова прашање.



Слични вести