Странски печат 02.06.2020

Еве некои од позначајните наслови од странските средства за информирање...

1427692
Странски печат 02.06.2020

Германскиот весник „Зудојче Цајтунг“: Производствениот сектор во Германија под влијание на Ковид-9 продолжи да се стеснува во месец мај.

Германскиот информативен портал „zdf.de“: Инспекторскиот совет на германската авиокомпанија Луфтханза ги прифати условите на Европската комисија (ЕК) и го одобри пакетот помош во износ од 9 милијарди евра.

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Обединетите нации (ОН) истакнаа дека земјите на Европската унија (ЕУ) го прекршуваат меѓународното право во Средоземното Море.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека во мај 2020 година е регистриран најнискиот процент на случаи на смрт во Сирија од почетокот на граѓанската војна во земјата во 2011 година.

Катарскиот информативен сервис „Ал Џезира“: Поради коронавирусот во Египет животот го загубија уште 8 лекари и егпетската влада ги олабави часовите за забрана за излегување на улица (движење) во земјата.

„Ал Џезира“: За забрзување на анексијата на палестинските територии... Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц издаде наредба за забрзување на подготовките и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во однос на ова прашање оствари телефонски разговор со Џаред Кушнер, советникот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Швајцарскиот весник „Ле Темпс“: Американскиот претседател Доналд Трамп со Библија во раката им се закани на демонстрантите со употреба на сила. 

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Според официјалниот извештај за аутопсија на Џорџ Флојд неговата смрт претставува убиство. 

Францускиот весник „Либерасјон“:​​Расистичкото прекршување претставува огледало на нееднаквостите. 

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Приближно половината од пациентите во големите болници одбиваат да бидат оперирани поради страв од Ковид-19. 

Шпански „Ел Мундо“: Некои училишта се подготвуваат да утврдат нови цени за учениците во наредниот период, а како што се вели за обезбедување на неопходните средства за хигиена и здравство за борба против новиот тип коронавирус. 

Венецуелскиот телевизиски канал „Телесур“: Бројот на заболените од новиот тип коронавирус во Боливија надмина 10.000, така што со утврдените 549 нови случаи во изминатите 24 часа бројот на инфектираните од вирусот се искачи на 10.531 лице.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Руското министерство за одбрана ги избра доброволците за клиничките тестирања за беспримерната домашна вакцина против коронавирусот; 50 војници од кои 5 жени. 

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Претседателот Владимир Путин го соопшти датумот на референдумот за уставни измени. 

Руската новинска агенција „ТАСС“: Украина планира во Берлин да го постави на дневен ред прашањето за воведување ембарго врз руските енергетски ресурси. 



Слични вести