Странски печат 29.05.2020

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање денеска...

1425483
Странски печат 29.05.2020

Германски „Дојче Веле“: Германското министерство за надворешни работи и врачи остра нота на Русија поради реализираниот сајбер напад врз интернет мрежата на Федералниот Парламент, Бундестагот, пред 5 години.

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Премиер лигата во Англија која беше прекината поради коронавирусот ќе започне повторно на 17 јуни.

Белгискиот весник „Ле Суар“: Во Франција почнувајќи од 2 јуни ќе бидат повторно отворени училиштата, гимназиите, баровите и рестораните.

Францускиот весник „Ле Монд“: Американскиот претседател Доналд Трамп сака да ги изостави од своите привилегии социјалните медиуми.

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Туризмот во Франција  во наредниот вторник ќе ги доживее своето повторно раѓање. 

Египетскиот весник „Ал Дустур“: Поради коронавирусот брегот на реката Нил остана празен за време на Рамазан Бајрам. 

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“: Коронавирусот го изнесе неуспехот на голем број лидери. 

Арапскиот весник „Ал Ајам“: Израел ќе реализира 100 илјади тестирања против вториот бран на коронавирусоот.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Шпанскиот министер за здравство Салвадор Илла рече дека Ковид-19 наесен би можел да реализира повторно еден голем бран. 

Шпански „Ел Паис“: Недоволниот број на направени тестови и недоволноста од солидарност ја ослабела војната на Европската унија (ЕУ) против коронавирусот. 

Венецуелскиот весник „Ел Национал“: Во Колумбија се продолжува карантинот и меѓународните летови почнуваат од септември.

Рускиот весник „Известија“: Во Москва се отпуштени од болница уште 3.474 оздравени пациенти од Ковид-19.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Министерството за труд на Русија воведе ограничувачки правила во врска со отпуштањето од работа во текот на процесот на пандемијата.

Руската новинска агенција „РИА Новости“ :Во Автономната Република Дагестан во составот на Руската Федерација е формирана теренска (полска) болница во рамките на борбата против коронавирусот.



Слични вести