Странски печат 27.05.2020

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање денеска...

1424171
Странски печат 27.05.2020

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Велика Британија: Париз - Анектирањето на било кој дел на Западниот Брег „не може да не остане без одговор“.

Арапски „Ал Кудс Ал Араби“: Армијата на Владата на национално единство на Либија уништи едно оклопно возило во сопственост на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и заплени воени возила на Хафтар.

Информативниот сервис „Ал Џезира“: Откако во Либија се појавија руски воени авиони, Соединетите Американски Држави (САД) предупредија да не дојде до повторување на искуството во Сирија.

Францускиот весник „Ле Паризиен“: Коронавирусот - Официјален Париз за да се обезбеди да се вратат во земјата 15 илјади Французи го зголемува бројот на летовите со земјите од Магриб (Северна Африка).

Францускиот весник „Ле Монд“: Во Собранието (на Франција) едногласно усвоено продолжувањето на отсуството од работа (кое што им се признава на родителите) во случај на смрт на детето.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Според ИНСЕЕ (францускиот национален институт за статистички и економски студии), бруто националниот доход (на Франција) би можел да опадне за приближно 20 отсто.

Германски „Дојче Веле“: Аларм поради екстремната десница во командоските единици на Германија.

Германскиот информативен портал „Tagesschau.de“: Пакет за спасување во износ од 9 милијарди евра за најголемата авиокомпанија на Германија Луфтханза.

Германскиот весник „Ди Нахрихтен“: Европскиот парламент ја одложи одлуката за укинување на предупредувањето за патување во 31 европска земја.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: За лекување на заболувањата на органите до коишто доаѓа поради Ковид-19 ќе бидат отворени одделенија во болниците.

Мексиканскиот весник „Ла Хорнада“: Бразил ги престигна Соединетите Американски Држави (САД) во дневниот број на случаи на зараза од Ковид-19.

Чилеанскиот весник „Ла Терцера“: Според едно спроведено истражување на Вашингтонскиот универзитет, бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Чиле во август би можел да достигне до 11.970 лица.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Поранешниот претседател на Чувашистан во составот на Руската Федерација, се обрати до Врховниот суд на Русија со приговор за негово разрешување од должност.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Еден свештеник во областа Урал во Русија кој ги повика верниците да излезат од своите домови и да ги посетат црквите, е разрешен од водење на миса.

Рускиот весник „Известија“: На аеродромот Внуково во Москва почнаа постепено да се укинуваат огрнаичувањата коишто се спроведуваат поради Ковид-19.



Слични вести