Странски печат 21.05.2020

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање денеска...

1420952
Странски печат 21.05.2020

Египетскиот весник „Ал Дустур“: Бројот на смртните случаи од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 325 илјади лица.

Саудискиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Велика Британија: Половината од Мароканците се загрижени од каратин.

„Елјом Алсади“: Назадување во бајрамските продажби поради Ковид-19.

Шпанскиот весник „Ла Вангардија“: Брисел бара од Шпанија да инвестира во својот здравствен систем.

Аргентинскиот весник „Инфобае“: Боливискиот министер за здравство уапсен поради тоа што уредите за дишење (респораторите) ги купил за три пати поголема цена од цената на пазарот.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ја обвини Колумбија дека ги инфектира доселениците за како што рече „валкање“ на Венецуела.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Владата планира локалните избори да ги одржи на крајот на јуни или во јануари 2021 година.

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Анексијата на Западниот Брег - Париз, Берлин, Рим и Мадрид подготвуваат заедничка акција.

Белгискиот весник „Ле Суар“: И покрај тоа што американскиот претседател Доналд Трамп е на страната на „нормализација“ епидемијата продолжува да напредува.

Рускиот весник „Ведомости“: Мудис соопшти дека поради коронавирусот би можела да се зголеми миграцијата во Русија.

Руски „Известија“: Соединетите Американски Држави (САД) не дозволија да биде усвоено соопштение со коешто се осудува мешањето во внатрешните работи и прекршувањето на суверенитетот на Венецуела, а кое беше предложено до Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) од страна на Русија.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Светслата здравствена организцаија (СЗО) предупреди по прашањето на веројатноста од втор бран на коронавирусот.

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Конфискуван имотот на братучедот на Бешар Асад, Махлуф.

Германски „Дојче Веле“: Европската унија (ЕУ) се подготвува за еколошка трансформација во производството на храната.

Германскиот весник „Дер Шпигел“: Германската авиокомпанија Луфтханза потврди дека се водат разговори со германската Влада по прашањето на пакетот помош во износ од 9 милијарди евра.



Слични вести