Странски печат

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање

1420502
Странски печат

Саудискиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон истакнува дека американскиот претседател Доналд Трамп на Светската здравствена организација (СЗО) и се закани со повлекување од организацијата и поддршката доколку не го промени ставот кон неговата земја.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“ истакнува дека катарскиот меѓународен аердором Хамед ја зајаканува безбедноста на патниците и вработените.

Катарскиот Тв-канал „Ал Џезира“ ја објавува изјавата на палестинскиот претседател Абас кој рече дека нема да го почитуваат мировниот договор меѓу Вашингтон и Израел.

Германски „Дојче веле“ истакнува дека вниманието на јавноста во врска со патувањата од Германија кон Турција се насочи кон денешната средба меѓу германскиот министер за надворешни работи Маас и турскиот министер за култура и туризам Ерсој.

Германски „стерн.де“ ја објавува изјавата на претседателот на Асоцијацијата на светските доктори Улрих Монтгомери кој во врска со коронавирусот предупреди дека предвременото отворање на границите на ЕУ за туризмот преставува опасност.

Германски „тагешау.де“ истакнува дека продажбата на новите автомобили во април се намали за 76 отсто.

Шпански „Ел Паис“ истанува дека Шпанија во процесот на нормализација презеде најцврсти мерки и се разликува од европските соседи.

Шпански „Ел Мундо“ истакнува дека почнувајќи од денес, во Шпанија за сите граѓани поголеми од 6 годишна возраст ќе се спроведува задолжително носење на заштитна маска.

Венецуелскиот ТВ-канал „ТелеСур“ истакнува дека Венецуела формираше здравствени пунктови на границите и упати повик до граѓаните кои работат во Чиле, Бразил, Еквадор, Перу и Колумбија и ќе влезат во земјата, ќе бидт да изложени на 14 дневен карантин.

Францускиот весник „Ел Фигаро“ го објавува соопштението на ОН во кое се истакнува дека Африканците се наоѓаат под опасност од голема сиромаштија.

Францускиот весник „Ле Паризиен“ истакнува дека Рено планира да затвори 4 фабрики во Франција вклучувајќи ја и фабриката во Флинс.

Белгискиот весник „Ле Суар“ истакнува дека над половина од заразените од Ковид-19 во Белгија мислат дека од вирусот се заразиле од работното место.



Слични вести