Странски печат 15.05.2020

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање денеска...

1417743
Странски печат 15.05.2020

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Велика Британија: Палестинскиот амбасадор во Обединетите нации (ОН) Ријад Мансур рече дека се обраќаат секаде против одлуката за анексија.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Вкупната стапка на лекување од коронавирусот во Турција изнесува 71,8 отсто.

Информативниот сервис „Ал Џезира“: Демонстрантите во Багдад го доставија следниот повик до новиот ирачки премир Ал Ќазими: „Имате 1 месец за исполнување на барањата.“  

Шпанскиот весник „Ел Паис“: По прогласените исти мерки од страна на шпанскиот премиер Педро Санчез и Франција во рамките на принципот на реципроцитет ќе ги стави во карантин патниците кои ќе доаѓаат во земјата од Шпанија.

Шпански „Ла Вангардија“: Коронавирусот ги инфектира бубрезите и клетките во мозокот срцето.

Аргентинскиот весник „Инфобае“: Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро го омаловажува успехот што го постигнува Аргентина во карантин и вели дека аргантинскиот претседател Фернандез ја води својата земја кон социјализам.

Белгискиот весник „Ле Суар“: Белгиската економија за да се врати на нивото од пред кризата (со коронавирусот) треба да чека до 2023 година.

Францускиот весник „Ле Монд“: Францускиот претседател Емануел Макрон ги фрла темелите на планот на болниците за во иднина.

Француски „Ле Паризиен“: Безбедноста во сообраќајот - 103 мртви во сообраќајните несреќи на патиштата во Франција... Историски пад за месец април.

Германски „Дојче Веле“: Според едно анкетно истражување мнозинството во Германија се на страната на продолжување на ограничувањата.

Германскиот весник „Франкфуртер Рундшау“: Дали Путин веќе не го сака Асад? Додека се намалуваат судирите во Сирија растат разидувањата во ставовите на линијата Москва-Техеран-Дамаск.

Германскиот информативен портал „Tagesschau.de“: Поради коронавирусот во Германија се појави дефицит во даночните приходи од 81 милијарда евра. 

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин соопшти дека за мерење на имунитетот на населението во главниот град ќе се прават колективни тестови за антитела. 

Руската новинска агенција „ТАСС“: Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова го прокоментира написот на Блумберг под наслов "Експерти сакаат да дознаат зошто коронавирусот не убива поголем број Руси": Започната е кампања за дезинформација против Русија.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Странците се обратија до Амбасадата на Русија за да заминат од Соединетите Американски Држави (САД).



Слични вести