Странски печат

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање

1417494
Странски печат

Весникот „Ал Раја“ истакнува дека јеменската влада градот Аден го прогласи за инфектиран град.

Германски „Дојче веле“ истакнува дека на европското крајбрежје се забележува раздвиженост. ВО период кога се интензивираат подготовките во врска со патувањата за летната сезона во рамките на Европа, исто така се забележува и раздвиженост во туристичките земји чие крајбрежје се простира на бреговите на Средоземното море.

Германски „Шпигел“ истакнува дека американскиот претседател Доналд Трамп на есен планира да ги отвори сите училишта.

Арапскиот весник „Ал Куд Ал Араби“ истакнува дека во период кога одредени европски земји бараат сирискиот режим да поднесе сметка за хемиското оружје што го употреби, Русија и Кина ја бојкотираа седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) што се одржа со посредство на видео конференција.

Саудискиот весник „Ал Ватан“ истакнува дека загриженоста поради вториот бран на коронавирусот ја намали цената на нафтата.

„Алџезира.нет“ истакнува дека милицајците на Хафтар во Либија ги бомбардираа населените места во Триполи. Владата на национално единство ги предупреди милицајците во воздушната база Ватије.

Француски „Ле Монд“ истакнува дека илјадници ученици во Париз, Лион и Лил отидоа на училиште.

Француски „Ле Фигаро“ истакнува дека според Светската здравствена организација (СЗО), новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) кој наскоро ќе биде причина за смртта на над 300 ијади луѓе во светот постои голема веројатност ниогаш да не исчезне.

Францускиот ТВ-канал „Франс 24“ истакнува дека во случај во лабораторијата во Санофи се открие вакцината против Ковид-19, најпрвин ќе биде во служба на САД.

Шпански „Ел Паис“ истакнува дека според резултатите од едно истражување, околу 5 отсто од Шпанците биле заразени од Ковид-19.

Аргентински „Инфобае“ истакнува дека бројот на заразените од Ковид-19 во Бразил ја надмина бројката на заразените во Франција и стана шеста земја во светот во која има најголем број заразени.

Мексиканскиот весник „Ла Хорнада“ истакнува дека по неуспешната стратегија во Чиле, сега во земјата се спроведува карантин.

Руската новинска агенција „ТАСС“ истакнува според руските научници, постои веројатност за втор и трет бран на епидемијата во земјата.

Рускиот новински веб-сајт РТ истакнува дека по пожарот во болницата во Русија се суспендира употребата на апаратите за дишење Авента-М.

Рускиот весник „Комерсант“ истакнува дека една 100 годишна жена во Москва го победи новиот тип на коронавирусот (Ковид-19).



Слични вести