Странски печат 13.05.2020

Еве некои од позначајните наслови во странските средства за информирање денеска...

1416377
Странски печат 13.05.2020

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Германската канцеларка Ангела Меркел посакува да бидат повторно отворени границите со соседните земји коишто беа затворени поради епидемијата на коронавирусот (Ковид-19).

Германски „Фолкштиме“: Додека  Сирија плаче крв Западот останува посматрач.

Германскиот информативен портал „zdf.de“: Германскиот пилот Себастијан Ветел на крајот на сезоната 2020 ќе ја напушти екипата на Ферари.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Велика Британија: Турција ги обвинува Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за ширење на превирања на Блискиот исток.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Катар и САД ја зајакнуваат воената соработка.

Информативниот сервис „Ал Џезира“: Американскиот институт предвидува дека вакцината против коронавирусот не може да се произведе пред есен. Вирсуот пак, тропа на вратите на Кремљ (претседателскиот дворец на Русија).

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Шпанското министерство за здравство работи за задолжително носење на маски во сите јавни простории.

Аргентинскиот весник „Инфобае“: (Венецуелскиот претседател Николас) Мадуро, алармантната состојба којашто се спроведува во Венецуела поради коронавирусот ја проодлжи до 13 јуни.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Брисел се сомнева дека Шпанија присилно ги става туристите во карантин.

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Установено е дека најзначајниот фактор на ризик на случаите на зараза од Ковид-19 е возраста на заболениот пациент.

„Ле Фигаро: Една четвртина од пушачите почнаа да пушат повеќе во процесот на карантин.

Белгискиот весник „Ле Суар“: Коронавирусот индиректно би можел да стане причина за смртта на 6 илјади деца дневно.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков и неговата сопруга светска и олимписка шампионка Татјана Навка префрлени во болница поради инфекција од коронавирусот.

Руската новинска агенција „ТАСС“: По пожарот којшто избувна во една болница во Санкт Петербург за лекување на заболените од Ковид-19, функционерите на сојузните држави на САД ги вратија претходно обезбедените апарати за дишење од Русија (поради тоа што можеби биле причина за пожарот).

Рускиот информативен портал „rbc.ru“: Манифстацијата Ноќ на музеите поради коронавирусот ќе се одржи онлајн во Москва.

 



Слични вести